Заев: Со 62 пратеника се формира стабилна Влада

Со 62 пратеника се формира стабилна Влада, која е подготвена за многу сериозни и храбри одлуки, изјави денеска мандатарот Зоран Заев по поднесувањето на предлогот за состав на новата Влада во Собранието. Заев вели дека приоритетите на новата Влада ќе бидат домашни, бидејќи оние на меѓународне план се завршени, потенцирајќи посветеност на кризата со Ковид-19, економијата, правосудството, преговорите со ЕУ…

-Меѓународното, но и домашното искуство покажа дека со 62 пратеници се формира стабилна Влада, и не само стабилна, подготвена за многу сериозни и храбри одлуки во интерес на граѓаните. Во многу други земји парламентарното мнзоинство не е огромно, туку дека е парлментарно мнозинство кое ги отсликува мнозинството граѓани, преку мнозинството пратеници во Парламентот кои ја преземаат најголемата одговорност, рече Заев.

Во разговорите за новата Влада, како што кажа тој, бил направен план за рационализација и максимилизација на ефикасноста на Парламентот и пратеницитe.

– Тоа значи дека најмалку еднаш во две недели ќе има ден за гласање, рече Заев појаснувајќи дека во останатото време пратениците би се посветиле стручно повеќе на решенијата што ќе стасаат во Парламентот.

Притоа, според него, пратениците ќе имаат повеќе време за своите гласачи надвор од собраниската зграда.

-Верувам дека успешноста на Владата зависи од успешноста на своите политики, од кохабитацијата и соработката со опозицијата и служењето и одговорноста пред граѓаните. Верувам затоа што имаме извинреден состав на кандидати за Влада, и затоа што Парламентот има свој континуитет во дел од пратениците, но има и многу нови новини, освежувања од сите области и верувам дека следува еден четиригодишен, неповторлив по позитива период, рече мандатарот и лидерот на СДСМ.

Не прецизира кога Собранието ќе ја избере новата Влада.

– Право на претседателот и на пратениците е кога ќе ја закажат седницата. Од денеска кога ќе ја доставам програмата, биографиите ние сме подготвени кога ќе утврдат да се закаже седницата, рече Заев додавајќи дека логично и нормално е да се остави ден, два три пратениците да ја прочитаат програмата и биографиите.

Tој очекува веќе следната недела новата македонска Влада да функционира и веднаш да се зафати со предизвиците исправени пред нашата држава, а тоа е пред се кризата со Ковид – 19 и рефлексиите од неа како економијата, образованието, детските градинки и многу други области.

Во однос на одлуката за петммина потпретседатели на Собранието, Заев потсети дека и во минатиот собраниски состав имало ист број, но дека тоа не значи дека сите места ќе бидат пополнети.

-То е бројка и не значи дека ќе биде пополнета. Ева ја испраќам пораката, нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од потпретседателското место ќе се откаже и СДСМ и еве ќе имаме три. Во Деловникот вика дека најголемата опозициска партија има еден потпретседател, рече Заев кој смета дека опозциската партија собира политички поени на многу нечесен начин.

Мандатарот Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека 90 отсто местата на заменик министрите се веќе утврдени и оти по изборот на новата Влада, до Собранието ќе ја достави листата на заменици министри. Според него, Владата но и подолните ешалони ќе ја отсликуваат етничката и политичка разноликост во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *