СТАРТУВА 23.СП ЗА РАКОМЕТАРКИ

Од денеска  до 17. декември, Германија ќе биде домаќин на 23. СП во ракомет за жени. Натпреварирте ќе се играат во шест градови: Битихајм-Бисинген, Магдебург, Олденбург, Лајпциг, Трир и Хамбург, во кој ќе биде завршницата на првенството.

Официјалниот старт ќе биде денеска во 19 часот со натпреварот меѓу Германија и Камерун што ќе се игра во “Лајпциг Арената”.

Репрезентациите се поделени во четири групи од по шест репрезентации.

Во групата А се наоѓаат: Франција, Романија, Шпанија, Словенија, Ангола и Парагвај, а натпреварите ќе се играат во Трир.

Групата Б ја сочинуваат: Норвешка, Чешка, Шведска, Унгарија, Аргентина, Полска, ќе се игра во Битхајм-Бисинген.

Во групата Ц се наоѓаат репрезентациите на: Данска, Русија, Бразил, Црна Гора, Јапонија и Тунис а ќе се игра во Олденбург

На крајот во групата Д, која ќе се натпреварува во Лајпциг, се наоѓаат селекциите на: Холандија, Германија, Србија, Р. Кореја, Кина и Камерун.

Бранител на титулата од СП 2015 година е Данска.