Унапредување на билатералната одбранбена соработка, новите предизвици во одбраната, учеството во меѓународните мисии и можностите кои ги пружа армискиот полигон Криволак за изведување на заедничка обука и вежби, беа темите на кои разговараа на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роб Бауер, кој се наоѓа во тридневна посета на нашата држава.
Од МО соопштија дека Шекеринска се заблагодарила на поддршката за приемот во НАТО и потенцирала оти членството во Алијансата е шанса за интензивирање на одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Кралството Холандија.
– Нашите две држави имаат извонредна историја на соработка во одбраната и уверена сум дека приемот на Северна Македонија во НАТО ќе даде нов импулс кон повторно интензивирање на таа соработка и одржување на заеднички обуки и вежби, истакна министерката Шекеринска.
Адмиралот Бауер и честита на Шекеринска за членството во НАТО и за новиот мандат на Владата и изрази подготвеност Холандија да земе поактивна улога во водството на Северна Македонија низ структурите на НАТО со цел нашата земја побргу да се вклопи во Алијансата.
Very engaging and funny! For more information, click here: LEARN MORE. Let’s chat!