Мицкоски: Новата влада ќе биде антиреформска и ќе го штити криминалот и корупцијата

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека договорот за владина коалиција меѓу претседателите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети е „договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата“.
-Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот. Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте во Мавровка среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР, пишува Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.
Според него, дека нивниот коалиционен партнер „5 пари не вреди”, и дека е „канцер” беа зборовите на СДСМ со кои го опишуваа ДУИ пред изборите, а сега кога власта е во прашање се фалат едни со други.
-Зошто? За власт, пари и личен комодитет. За одбегнување на одговорност, поради страв од правдата.
Следува период каде нема да видиме реформи, ќе има кратења, поскап живот и ценовни шокови. Добиваме Влада без кредибилитет и без европска иднина. Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат.
И кога велат „можеме“, им веруваме дека можат само во криминалот и корупцијата, ништо повеќе, посочува лидерот на опозициската партија, Мицкоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *