СО ПРОВЕРЕНИ СИЛИ ПРОТИВ СЛОВАЧКА

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков, го скрати списокот на кошаркари кои ги почнаа подготовките и определи 16 кои ќе настапат на натпреварот со Словачка. Натпреварот се игра на 25.февруари во Скопје, а боите на Македонија ќе ги бранат:

Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Адем Мекиќ, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Ненад Димитријевиќ, Димитар Караџовски, Стојан Ѓуровски, Бојан Трајковски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Риџард Хендрикс.

На списокот на Давитков го нема Ѓорѓи Чековски, но затоа пак тука е американецот Хендрикс, а се враќаат по повредите и Бојан Трајковски и Александар Костоски.

Натпреварот се игра во СРЦ “Јане Сандански”, во недела на 25. февруари, во 20:15 ч.

SHARE