По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот на СДСМ Зоран Заев во свое лично име и во име на партијата упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.
– Почитувани граѓани, на сите припадници на исламската верска заедница им го честитам празникот Курбан Бајрам, со срдечни желби денот да го минат во добро расположение со своите најблиски и секако со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, стои во честитката од Заев.
Овој празник, потенцира лидерот на СДСМ Заев, е празник преку кој се шири добрината, и е потсетник дека токму солидарноста, еднаквоста, меѓусебното помаѓање и почитување се вредностите околу кои сите треба да бидеме обединети.
– Само на овој начин, ако вистински се почитуваме и помагаме, ако бидеме солидарни едни кон други, ќе успееме да изградиме еднакво и праведно општество на почитувани и задоволни индивидуи. Нека вредностите и духовноста што овој празник ги носи со себе нѐ водат на патот на подобра и посветла иднина за сите, стои меѓудругото во честитката од претседателот на СДСМ Зоран Заев.