Министерот за внатрешни работи на Република С. Македонија, Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која биле потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави.
Од МВР денеска соопштија дека на средбата била потврдена и соработка во голем број области од заемен интерес, кои, како што стои во соопштението, придонесуваат кон ефикасна имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и оддржување на добрососедските односи, особено кон заедничкото делување и придонес во регионалната безбедност.
– Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори што се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид – 19“, се наведува во соопштението од МВР.