Во пресрет на средбата на лидерите од земјите од шест земји од Западниот Балкан в среда посветена на регионалната економска соработка, денеска ќе биде организрана онлајн дебата на која говорници ќе бидат извршниот потпретседател на Атлантскиот совет, Дејмон Вилсон и заменик претседавачот на Групата Олбрајт Стоунбриџ, Џим О’Брајан.
Во рамки на дискусијата Вилсон и О’Брајан ќе говараат за важноста на економската соработка на Западниот Балкан.
На самитот в среда, чиј организатор е Атлатскиот совет, е најавено учество на претставници на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Според Атлантскиот совет, целта на самитот е постигнување на договор за економска соработка со цел забрзување на закрепнувањето од разорните последици на Ковид-19, преку поттикнување на можностите за економски развој.
– Договорот ќе биде заложба за смели, практични активности што ќе генерираат економска активност преку извршување на слободно движење на стоки, лица и услуги преку границите на регионот. Тој, исто така, ќе биде основа за привлекување странски инвестиции и забрзување на распоредувањето на средствата од фондовите за помош за справување со Ковид-19, информира Атлантскиот совет.