Која е генезата на денешните Македонци?

Според еден Извештај на швајцарскиот институт за генетика „иГенеа“ (извршен директор Imna Pazos), во студијата: Geneologie und Genetic arbeiten, објавен во НИН, Београд, бр. 32 од 21.05.2009, чиј автор е Раде Маревиќ, во делот ’Генеолошка археологија’, изнесува резултати од генетскиот профил на балканските народи, кој што во голем степен ги потврдуваат нашите истражувања за автохтоноста на античките Македонци.

Имено, Институтот во текот на истражувањата користел 400 научни трудови објавени во водечки светски специјализирани часописи, како и ДНК генеолошки тестови на хаплогрупи на лице-место, односно на терен, за целата Европа и Балканот. Хапло-групите се групи на хапло-типови, кои што се идентификуваат според специфичната позиција на хромозомите. Во генетиката, хромозомот ипсилон се користи за да се истражуваат хапло-групите од таткова страна, а митохондријалот од ДНК се користи за тоа истото да се стори и од мајчина страна.

Врз основа на овие тестови, може да се одреди дали личноста припаѓа на одредена група претци или на хапло-групи, што е важно од генеолошка и од антрополошка гледна точка. Институтот „Генеа“ ваквите анализи ги опишува како мост помеѓу историските истражувања и генетиката и се обидува предностите од двете гранки да ги искористи на интердисциплиниран начин како за да се дојде до нови сознанија за потеклото, што овозможува теориите на историчарите да се проверат со генетски истражувања. Се истакнува, исто така, дека методата на генетскиот профил дава резултати со релијабилност на која може да ù се верува во 99% од случаите.

Според резултатите од истражувањата на Институтот „иГенеа“, во вената на денешните Македонци тече 30% крв од античките Македонци на Александар Македонски, од Тевтонците 20%, од Хелените и Словените по 15%, од Илирте 10%, и од Хуните и Фениќијците по 5%.

Генетската структура кај Грците ги опфаќа следниве генетски корени: хеленско потекло 35%, феникијско и словенско 20%, тевтонско, илирско 5%, антички Македонци 5%. Кај Бугарите, Тракијците учествуваат со 49%, Хелените и Словените со по 15%, антички Македонци со 11%, додека Феникијците со 8%. Кај Албанците, Илирите учествуваат со 30%, Словените со 20%, Тракијците со 18%, Феникијците со 16%, Хелените со 14% и Викинзите со 2%.

Со сите овие истражувања во голем степен е решена енигмата околу генезата на Македонците.

(Во јадрото на човечката клетка постојат два комплета геноми: едниот потекнува од таткото, а другиот од мајката. Во принцип, секој комплет ги вклучува сите гени, околу 30.000 во 23 пара хромозоми.)

Јазикот на античките Македонци

Следната енигма во етнокултурниот континуитет на античките Македонци претставува нивниот јазик. Се поставува вечното прашање: на кој јазик говореле античките Македонци, односно Александар Македонски? Херодот во својата Историја, I, 57, Матица Српска, Београд, 1988,.за староседелците на Грција, Пелазгите, истакнува: „Пелазгите говореле на варварски јазик.“ Потоа истакнува: „А Хелените, како ми се чини, отсекогаш говореле на ист јазик…“ и понатаму “…секогаш останаа варварскиот народ.“

Томсон(Тhomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 119, Athina, 1954) и Меквин (Macqueen, J.G.: The Hittites and their contemporaries in Asia Minor, p. 35, London, 1986) сметаат дека во праисторијата Балканот, со Егејскиот басен и Мала Азија, претставувало единствено глосолошко подрачје, со ономастика која има нехеленски елементи.

Современиот хеленски лингвист, професор на Атинскиот универзитет, господинот Мпампиниоти (Мпампиниоти Г., Synoptik istoria tis ellimikis glössas, Athinai, 1986),во книгата „Кратка историја на хеленскиот јазик“, после воведот во историско-компаративната глосологија, ја изнесува историјата на хеленскиот јазик. Во делот под наслов „Проелиники – Пред-хеленски“, го елаборира поимот „подлоги-хупостроми“ на јазикот, епистемологијата на етимологиајта и теоријата околу пред-хеленските подлоги. Цитирајќи разни автори, особено се осврнува на Кречмер (Kreschme, „Einleitung in die Geschiechte der griechischen Sprache“, 1892, „Die protindogermaniasche Schicht“, 1925), како и на Шакермаер (Schachermeyr, Das agais che Neolithikum, Lund, 1964) и го дава следниов заклучок: „Врз основа на најновите археолошки наоди, утврдено е дека под микенскиот слој постојат два постари, кои меѓусебно се разликуваат според антрополошките наоди и технологијата на материјалната култура:

1. Источната подлога (anatolisch). Во прашање е малоазиска подлога која се простира во Хелада и Мала Азија и хронолошки е постара.

2. Дунавска подлога (Donauländisch). Оваа подлога е помлада, средно-европска и се протега во Хелада, на Балканот и во областа на Дунав до Унгарија и Јужна Италија. Истовремено, тие се носители на познатата „керамика во вид на лента“ („Бандкерамика“).

Освен овие наоди, многу инересна е и следнава периодизација на грчко-хеленскиот јазик.

ПРАИСТОРИСКИ ПЕРИОД

– Индоевропски /ИЕ/ – 3000 година пред Христа

– Хеленски /Х/

-I Прото-хеленски /ПХ/ – 3000-2000 години пред Христа

ИСТОРИСКИ ПЕРИОД

– II Античи хеленски /АХ/ – 1400-300 година пред Христа

– III Александров коине (Aleksandrini koini), 300 година пред Христа – 600 години по Христа

– IV Средновековен – 600 година пред Христа – 1200 година по Христа

а) рано-византиски – 600 година пред Христа – 1200 година по Христа

б) византиски – 1200-1500 година

в) послевизантиски – 1500-1800 година

– V Неохеленски – 1900 – 2000 година

Ако се анализира оваа периодизација, може да се заклучи дека јазикот на Александар Македонски, односно македонскиот јазик, траел околу 900 години (300 година пред Христа – 600 година по Христа) и удирал печат на византискиот период, сė до 1832 година кога Хелада, под Отоном А. станала независна држава. Од тогаш, по траење од околу 2132 годиниа, почнуваат разни поствизантиски фази на оформување на новогрчкиотјазик, преку катаревус и демотика сė до 1975 година, кога новохеленскиот „коине“ станал официјален јазик на државата на Хелените.

„Македонскиот јазик на Александар Велики во текот на владеењето на Македонската империја на Балканот, Мала Азија, Египет, Сирија и во други области, станал официјален пишан и говорен јазик. За време на епохата на Македонизмот, таканаречениот Хеленизам и Римската империја, македонскиот Александров јазик бил мајчин јазик, како што тоа денес е англискиот јазик во Англија, Америка, Австралија и Канада и како странски, втор јазик (како во Индија). Во натамошниот развој на Александровиот јазик влијание имале разни дијалекти, како што се „јонскиот“, „еолскиот“, „атичкиот“ и други што зависело од географските и општествено-политички околности. Подоцна се надоврзува и „дорско-хеленскиот коине“ јазик на Спарта, кој што го користеле Пиндар, Стесихор, Бакхулид и др. Меѓутоа, многубројните археолошки и лингвистички истражуваа укажуваат дека античките Македонци имале свој словенски јазик, прото-словенски јазик.

Така, на пример, македонските истражувачки Башевски, Т. И Тентов, А. (Башевски, Т. и Тентов, А., Дешифрирање на средниот текст на каменот од Розета, Македонска академија на науките и уметностите, Прилози XXVI, 2005).изнесуваат интересно истражување во проектот под името „Дешифрирање на средниот текст на каменот од Розета“. Името на овој камен што потекнува од египетскиот топоним Ел Рашид и пристанишниот град го пронашле француските Наполеонови војници копајќи утврдувања во 1779 гоидна. Бидејќи Французите ја загубиле војната од Англичаните, со договорот од 1802 година, каменот се нашол во Британскиот музеј во Лондон.

Светските научните утврдиле дека се работи за посебен декрет кој го издале високи свештеници на Египет во 196 година пред Христа, во чест на фараонот Птоломеј V Епифан Евхаристос, по повод годишнината од неговото крунисување за басилеус на Македонското египетско царство. Декретот е напишан со помош на три писма. Горниот дел е напишан со египетски хиероглифи на египетски јазик. Средниот дел од текстот на каменот од Розета бил непознат.

Авторите утврдиле дека за средниот текст користена е слоговната македонска азбука и на еден од јазиците на античките Македонци „живи господари“, сличен на денешниот македонски јазик.

Долниот дел е напишан со античко грчко писмо и јазик. Тие констатирале дека средишниот дел од текстот на каменот од Ел Рашид е на оригинално, официјално писмо и јазик на државата со која управувале македонските кралеви повеќе од три стотини години. Инаку, каменот „розета“ бил клучен за дешифрирање на египетските хиреоглифи.

1d21d3

АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИНÂÂ