ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови

ВМРО-ДПМНЕ  одржа редовна седница на Извршниот комитет, прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори. На седницата се дискутираше за актуелната општествено политичка состојба и последните избори кои се реализираа.

– Извршниот комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната изборна комисија кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот суд, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ја доби довербата од народот во најголем број општини, и воедно издејствува поголем број мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА.

-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде насока да се изготви темелна анализа за резултатите од изборите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека загрижува економската криза во државата, која, како што велат, секој ден е се полоша и за која треба активни мерки за да се надмине.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *