Улогата на македонското иселеништво во афирмирањето на вистината за Македонија

Во монографијата за Ѓорѓија – Џорџ Атанасовски е забележано дека првите форми на собирање меѓу македонските иселеници датираат од времето на масовното доаѓање во новите средини, кога со себе ја носат својата култура, јазик, традициите, религијата и обичаите. Како резултат на тоа, во сите поголеми центри, како што се Детроит, Гери, Чикаго Кливленд, во САД, Торонто, Хамилтон и Виндзор, во Канада, Перт, Аделаид, Мелбурн и Си- днеј, во Австралија, потоа во Гетеборг и Малме, во Шведска, во Копенхаген, во Данска, во Париз, Франција, Минхен, Берлин, Виена во Афстрија и Хановер, во Германија, Цирих во Швајцарија и други индустриски градови, уште на почетокот се формираа заемно-помошни, културни, црковни асоцијации и друг вид друштва.

Тие имаат за цел да ја зачуваат македонската култура, обичаите и верските традиции, да се обезбеди материјална помош на социјално загрозените Македонци, како и да собираат средства за изградба на цркви, училишта и други објекти во новите средини и во нивните родни места, во Македонија. Така, уште во далечната 1910 година била изградена првата црква во Торонто, Македонско-бугарска црква “Св. Кирил и Методиј”. Таму, во 1912 година била формирана првата банка на македонските доселеници од Егејска Македонија. Исто така, се формирани повеќе селски друштва на иселениците од цела Македонија.

Македонците во дијаспората започнале да се организираат во пошироки облици дури по Првата светска војна, а во периодот меѓу двете светски војни се чувствувала забележителна раздвиженост и активност на национален план.  Во почетокот голем број од македонските доселеници, особено од Егејска Македонија се приклучија кон Македонската патриочтическа организација, позната како МПО. Меѓутоа, со промената на нејзината политичка ориентација и свртувањето кон големобугарската асимилаторска политика, одреден број Македонци започнаа да формираат независни прогресивни групи во повеќе градови во САД и во Канада.

Тие во прв ред се залагале за афирмација на реалните насоки и патишта по кои можела да се движи македонската револуционерна идејна борба, која била нераскинлив дел на борбата на другите напредни сили на Балканот. Овие прогресивни групи се обединиле во Сојуз, т.е. во Македонскиот народен сојуз (МНС), по првата конференција во 1930 година. Главната цел на МНС била борба за извојување  слобода на Македонија, со желба да се создаде Балканска федерација во која ќе бидат гарантирани широки национални, политички и социјални права и слободи набалканските народи, вклучувајќи го и македонскиот народ од трите дела на Македонија. Во реализирање на ваквата политичка платформа МНС сметал на содејство и поткрепа од сите прогресивни сили и луѓе во светот, особено од оние на Балканот.

2.2.1

Голем  број  податоци  говорат  дека  во  текот на Втората светска војна, заедно со другите прогресивни организации во САД и Канада, МНС своите сили ги имал насочено кон активно во- дење на антифашистичката борба.  Членовите на оваа организација се бореле за ликвидирање на фашизмот, а биле поборници за изградба на живот што ветувал поголеми демократски слободи и траен мир. Нивната помош  била огромна и во периодот на изградбата и обновата на Македонија, сè до нивното укинување во педесеттите години, како последица на Информбирото.

Исто така, македонските доселеници во прекуокеанските земји манифестирале позити- вен став и голема лојалност кон Народноослободителната борба во Македонија и пружиле организирана помош во обновата и изградбата по војната. Меѓутоа, најкрупна и најзначајна по својот ефект и значење била кампањата за изградба на дел од болницата во Скопје. Акцијата започнала во 1946 година, а во 1948 година болницата била свечено предадена во употреба, што претставувало во исто време и гордост и поттик за поврзување со Македонија. Во тие бурни времиња слободниот национален и општествен развој и пробивот на вистината за НР Македонија, биле силен поттик за организираниот живот на иселениците врз национална основа. Тоа, во исто време значело и најефикасна одбрана од сите странски пропаганди и непријателски дејствувања во средините на македонската дијаспора.

Во Букурешт е потпишан еден од значајните договори за мир меѓу Русија и Турција – таканаречениот Букурешки договор за мир од 1913 година, со кој се потврди поразот на Турција и со што заврши Русктурската војна, која траеше цели шест години. Ако овој договор за некои претставува “мировен договор”, за Македонија и за македонскиот народ е погубен. Имено, со овој договор од мај 1913 година, Романија ја доби Јужна Добруџа, Србија ја доби Вардарска Македонија, Егејска Македонија ѝ припадна на Грција, а пиринскиот дел беше даден на Бугарија. Поделбата остави големи лузни врз историскиот развој на Македонија и на македонскиот народ.

Инаку, од памтивек влашката земја била “ветена земја” за голем број Македонци, особено од западниот дел на Македонија, кои со торбата на рамо, тргнале по белиот свет да спечалат и пак да се вратат во Македонија на дедовските корени. Таквите печалбарски движења, според некои пишувани документи и од комуникацијата со бројни раскажувачи, може да се каже дека биле прилично интензивни и оставиле свој белег врз историјата на македонскиот народ.

Најголемиот бран на доселување на Македонците во Романија се појавува по Втората светска војна. Имено, во 1949 година во виорот на Граѓанската војна во Грција голем број поли- тички емигранти од Егејска Македонија претежно се населија во Букурешт. Нивниот дел бил околу 67.000 од кои 3.000 Македонци. Дваесет години подоцна, во 1968 година започнала големата преселба на Македонци од Романија во Република Македонија, а во мал број во Грција и во други земји.

Исто така, во 19 век Русија била предизвик за голем број Македонци, претежно интелектуалци, кои таму завршувале академии и како преродбеници се бореле за македонската кауза. Во текот на еден долг период Македонците, главно, заминувале за Москва, Петровград, Одеса и други места. Меѓутоа, најголем број Македонци во поранешниот Советски Сојуз, дошле во текот на Граѓанската војна во Грција и тие се населиле во кавкаските региони.

Само во Ташкент и околните места во периодот во 1949 година, бројот на Македонците од Беломорска Македонија изнесувал околу 7-8.000. Тој број подоцна рапидно се намалил поради големиот број повратници во Грција, Македонија и во други земји. Денес во поранешните источно-европски земји: Романија, Унгарија, Чешка и Словачка, Полска, Украина, Русија и други земји живеат неколку илјади Македонци претежно од егејскиот дел на Македонија. Исто така, има и бројни доселеници од мешани бракови на Македонци од сите делови на Македонија.

Република Хрватска и Република Словенија, пак,  се земји кадешто  на Македонците им се гарантирани сите права како национално малцинство. Тие се земји кадешто владите, преку материјална и финансиска помош, го помагаат развојот на малцинствата за афирмација на нивните национални,  културни  и  јазични  вредности.  Со тоа Македонците служат како мост за развивање на пријателство помеѓу Хрватска и Словенија, со Македонија, афирмирајќи ги, на тој начин, двете држави како демократски и граѓански земји.

Судбината  на  Македонците  во  Србија  и  Црна Гора е слична, ако не и идентична со онаа на Македонците во Хрватска и Словенија. Тука, заради проблемот со Српската православна црква, Македонците немаат свои духовни храмови, туку се организираат во културно-уметнички друштва и други асоцијации.

2.2.2

 Сонцето од Кутлеш (Палатица), симболот на античките Македонци 

Има и Македонци кои живеат во Пакистан и кои сметаат дека се потомци од војските и генералите на Александар Македонски (Велики). Имено, на Хималаите, во источниот дел на Пакистан, има племе кое се разликува од другите. Тие се високи и руси по боја. Имаат своја автономна територија која тие ја нарекуваат Ханза, или Хан- за-кут, зборуваат бурошаски јазик и се чувствуваат како Македонци. Нивното знаме е црвено и со сонце кое има осум златни краци. Во скоро време го примиле исламот, но ги задржале старите македонски традиции.

Исто така Македонци има и во Израел, чија судбина е слична како на сите Евреи. Макотрпниот живот, целокупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина, направи и од Македонците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави. Еден од нив е Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски кој од Евреите учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава; како уште потешко се стекнува слободата и, како сето тоа возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и развива новосоздадената држава Република Македонија.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *