Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонско сонце “ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите, термините… кои се во „Библискиот речник“: од Антиохија– главниот град на Сириа, до Аскеназ – внукот на Јафет.
Антиохија -1) главен град на Сириа, основан околу 300 г. пр. И.Х.; третиот по големина град во Римското царство, во новозаветно време. Бил сместен на левиот брег на реката Оронт, околу 45 км од Средоземниот брег. Станал центар на христијанството после разурнувањето на Ерусалим во70 г. Таму првпат следбениците на Христос се наречени христијани; таму Павле, Петар и Варнава проповедале (Дап 13,1-2); во Антиохија е одржан апостолски собор во 49г. (Дап 15). Зачуван е до денешно време како мало село; 2) Антиохија Писидиска, пограничен град меѓу Фригија и Писидија
Антипатер – таткова слика и прилика, таткото на Ирод Велики, владеел речиси со цела Палестина, околу 55-43 г. пр.И.Х; в.Ирод.
Антипатрида – в. Афек.
Антисемитизам – в. Евреи.
Антонија – прв пат се споменува Нем 2,8; тврдина на плоштадот на храмот, во текот на историјата обновувана и преуредувана; во новозаветно време римските војници го надгледувала храмскиот плоштад (Дап 21,31 -36; 22,24).
Анхус – Гетски кнез, му дал засолниште на Давид кога бегал од Саул (1 Цар21,11-16).
Аод – Израелец, војувал против Моавците, со левата рака го убил моавскиот цар Еглон во неговиот дом(СудЗ).
Апокалипса – Книгата на Откровението на апостолот Јоваи, последна книга.со која звршува НЗ; во неа се дава визија за иднината на светот и Црквата и за повторното доаѓање на Христос. Настанала најверојатно околу 95 г. на островот Патмос, каде Јован бил во прогонство заради верата.
Апокалиптична литература – книгите на пророците Данмил, Езекиил, Захарија и др. во СЗ и особено Откровението на Јован во НЗ, книги со пророчка содржина, која имала за цел да им пружи утеха и надеж на верните и, поглед во иднината. Книгите со ваква содржина биле најпопуларни од 2 в.пр.И.Х.до 1 в.
Апокрифи – книги од различно потекло, кои говорат за разни библиски теми, а не се наоѓаат во канонот на библиските книги од СЗ и НЗ. Православната, католичката и протестантскмте цркви немаат идентичен канон.
Аполонија
Аполон – скратен облик од Аполониј – оној кој му припаѓа на Аполон, образован Евреин од Александрија, еден од првите христијански мисионери, со голем углед во Коринт (1 Кор16,12;Дап 18,24-28,19,1). Најверојатно ученик иа Јован Крстител (Дап 18,25); неговата понатамошна судбина не е позната.
Аполонија – град низ кој поминале апостолот Павле и Сила, на пат за Солун (Дап 17,1).
Апостол – назив за секој од дванаесетте ученици кои Христос ги избрал да ја шират Неговата наука. По отпаѓањето на Јуда, на негово место е избран Матиј (Дап 1,26), а по обраќањето на Павле во христијанство, поради неговата целокупна мисионерска работа и тој се смета еднаков со Дванаесетте. По Воскреснувањето нивниот број рапидно пораснал, зашто уште додека бил жив Христос одбрал 70, одн. 72 т.н. апостоли. Народните преданија зборуваат дека некои од нив основале цркви на различни краеви од тогаш познатиот свет; сите, освен апостолот Јован умреле со маченичка смрт.
Апостолски оци (татковци) – од 17 в. заедничко име за христијанската книжевност настаната по апостолското време, а чии автори се уште имале лични врски со апостолите. Тоа се: Климент Римски, Игнатиј, Поликарп итн. Тука спаѓаат посланија, извештаи за мачеништво, проповеди, црквени прописи, апологетика, поучни списи итн.
Апостолски собор – средба на апостолите и старешините христијани во Ерусалим, околу 49 г. (51 г.), опишана во Дап 1,26. Се состанале претставниците од паганските заедници и оние кои произлегле од Евреите. Донесени се некои важни заклучоци и прописи, на пр. христијаните кои потекнуваат од паганите да не се придржуваат кон еврејските обичаи.
Апостолски упатства- в. Дидахи.
Арабија – азиски полуостров, прататковина на Семитите кои од таму продирале и ги населувале областите околу Средоземјето; в. Плодна Полумесечина. Во СЗ денешните жители на А.П. се нарекуваат Исмаилци (1 Мој 25,12), Јектанци (1 Мој 10,26) и Хетурити(1 Мој25,1). Во СЗ Арапи се нарекуваат номадите, припадници на племињата од сириско-арапската пустина и езерото Негев (2 Лт 17,11; Из 21,13, Ер25,24). Уште од многу рани времиња се појавуваат како учесници во караванската трговиа со Соломон. Биле непријателски расположени кон Израел (2 Лт 21,16). Во подоцните книги од СЗ се споменуваат како жители на персиската покраина Арабија, соседи на Јудеја (Неем 4,1). Подоцна основале свое царство.
Арад – 1) тврдина од времето на Соломон, денес рушевини на 30 км од Вирсаида; 2) пештерски извор (Суд 7); во него Гедеон пред да ги нападнат Мидјаните по Божји совет ги одбрал луѓето за борба според тоа како пиеле вода: ги земал тие што локале вод со јазикот како куче или пак пиеле коленичејќи .
Арам – внук на Ное и син на Сим, од кого потекнуваат Арамејците (1 Мој10,22).
Арамејски – семитски јазик, сроден на еврејскиот; по пропаста на арамејската држава станал трговски и дипломатски јазик, а со тек на време и службен јазик за целиот Блиски Исток. По Арамејци 2190 г.пр.И.Х. Сеуште не е ископан.
Армагедон – Мегидонски рид, околу 35 км западно од Јордан. Мегидо бил град во Палестина каде се одиграле две битки (Суд 4,12-24; 4 Цар 23,29); Во Откр 16,16 така е именувано местото каде ќе се одржи финалната битка со Божјите непријатели.
Арнон – притока на Мртвото Море и граница меѓу Моавците и Аморејците (4 Мој 21,13); јужната граница на земјата освоена од Израелците (Суд 11,13).
Арон – или Аарон, еврејско име со непознато значење; брат на Мојсеј и негов помошник при излегувањето од Египет на израелскиот народ (2 Мој), припадник на левитското племе; прататко на синовите Аронови”, важно свештеничко племе.
Артаксеркс – вториот син на Ксеркс и персиски цар (465-424 г. пр. И.Х.)
Артасаста (Артаксеркс) – персиски цар, во чие време делувале Неемијаи Ездра (Неем5,14). Најверојатно истата личност со Артаксеркс I (464-42– г пр. И.Х.)
Артемида – грчка божица на плодноста, се обожувала во Ефес. Нејзиниот храм се сметал за светско чудо и во него бил ки-пот кој наводно паднал од небото. Оние што произведувале набожни предмети поврзани со Артемида се побуниле лротив апостолот Павле (Дап 19,23-40).
Архангел – ангел со висока положба. Во НЗ единствено во Јуда 9 се споменува заедно со лично име – архангел Михаил, припадник на ангелската хиерархи-а. Во некои од девтероканонските книги се спомнуваат Рафаил и Уриил. в. ангел.
Архелај – в. Херод
Археологија – наука за минатото, се базира на сочуваните материјални остатоци. Го потврдила постоењето на голем дел од местата и племињата споменати во Библијата.
Архип – верен во службата Божја, придружник на апостолот Павле (Флм 1,2), веројатно синот на Филимон и Апфија.
Ас – в.пари.
Аса – скратено од Асахел, направил Бог, цар на јужното јуде-ско царство (914-874.г.пр.ИХ), (3 Цар 15,9-24). Се борел против идолопоклонството и обредното блудство. Склучил сојуз со Дамаск, лод притисок насеверното царство (2 Лт 16,7).
Асаф – собирач, левит, диригент на Давидовиот хор и удирач на кимвали. Најверојатно е автор на неколку од псалмите, најверојатно 50 и 73-83.
Асвир – персискиот цар Ксеркс I (486-464 г.).
Асенета – посветена на божицата Нета 1) ќерка наПетефри {1 Мој 41,45.50); 2) жена на Јосиф и мајка на Манасија и Ефрем.
Асир – среќен, блажен, осмиот син на Јаков, мајка му била Зелфа, слугинката на Лија (1 Мој 30,12-13). Прататко на едно од израелските племиња, кое живеело на средоземниот брег (ИН19,24-30). Подоцнежната историја на племето не е позната. Од него потекнува пророчицата Ана (Лк2,36).
Асирија (Ашур) – дел од Месопотамија, древно царство на бреговите на горниот тек на Тигар. Асирците го победиле Северното еврејско царство во 721 г.пр.ИХ, ја освоиле Самарија и го држеле народот во ропство с’е до победата на Вавилон (2 Цар7) и нивното освојување на Ерусалим во 586 г.пр.ИХ, кога Евреите биле одведени во вавилонското ропство – се’ до 536 г. пр. И.Х.
Аскалон – еден од петте главни филистејски градови (Суд 14,19), пристаниште; се споменува веќе во 19в.пр.И.Х. Еврејските пророци често му претеле со осуда (Ам 1,8; Ер 25,20; 47,5.7). Во времето на хеленизмот непријателски расположен кон Евреите. Веројатно родно место на Ирод Велики.
Аскеза – в. етика.
Аскеназ – внук на Јафет (1 Мој 10,3). Од средниот век аскенашки Евреи се нарекувале оние
од Германија и Полска, со посебно наречје – т.н. Јидиш.
Продолжува
Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН