Со “Не си го продавај, Кољо, чифликот”, маестралниот Симон Трпчески го најави претстојниот албум “Македонисимо”

–  Со особена радост го најавувам првиот сингл од мојот претстоен албум „МАКЕДОНИСИМО“,  насловен „Не си го продавај, Кољо, чифликот“ (Омаж за Брамс), објави Симон Трпчески на својот Фејзбук статус, со што го најави очекуваниот албум, печат на истоимениот проект.

Фејзбук статисот на Симон Трпчески
Фејзбук статисот на Симон Трпчески

– Албумот „МАКЕДОНИСИМО“ што ќе биде објавен на 28 август 2020 година во издание на Лин Рекордс, прикажува фузија на фолк и класична музика која ги дефинира неверојатните ритми и прогонувачки мелодии на мојата татковина Македонија, вели тој, гордо како и секогаш, и овојпат нагласувајќи ја како инспирација својата љубов кон татковината.

Композитор на темата е Панде Шахов во соработка со Симон Трпчески, а квинтетот МАКЕДОНИСИМО го сочинуваат: Симон Трпчески – пијано,  Хидан Мамудов – кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски – виолина, Александар Сомов – виолончело, Влатко Нушев – удирачки инструменти.

Албумот “Македонисимо”, Трпчески симболично и неслучајно ќе го објави на 28 Август, годинава, а зошто е тоа така останува да дознаеме.

Проследете ја темата од прекрасната изворна, македонска музика и уживајте!
(Кликнете на линкот подолу)

https://www.youtube.com/watch?v=sWXh1_EO5Ns&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2qU9pNUVz_kfNnO4LvViixNFdSSlDAlbhCx8V9uY9ZieUwu5w7eZWNxDw

Пишува:
Биљана Талевска