Дополнителни 250 електронски услуги и дигитализацијата на клучните регистри, најави Манчевски

Поставени се клучните столбови за дигитализација во јавниот систем. Голем предизвик останува користењето на услугите по електронски пат од страна на граѓаните. Потребна е и дигитализација на клучните бази на податоци, со што преку националниот портал ќе има електронски услуги и за бизносот, како и воспоставување и стартување на 5Г технологијата, оцени денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Дигитализиацијата мора да биде натпартиска тема, работата е тргната натака и од нас зависи како ќе се одвива.Треба сериозен ангажман и работа, а да бидеме искрени и сериозна поддршка од меѓународни институции затоа што досега дигитализацијата кај нас претежно е финансирана со странски пари, а од националниот буџет не е вложено многу. За тоа да се случува мора да имаме сериозна соработка на сите полиња со тие меѓународни институции, рече Манчевски на дебатата на тема „Дигитални предизвици за општествена транформација, што ја организираше МИОА во дворот на Клубот на пратеници.

Активностите, како што рече, треба да се интензивираат, бидејќи моментно имаме 136 електронски услуги, што е 18 проценти од сите услуги што се нудат од институциите во државата.

– Сега почнуваме нов проект со кој се предвидени 250  дополнителни електронски услуги  и дигитализацијата на клучните регистри. Оптимист сум и уверен сум дека следната година ова време ќе можеме да говориме за 400 до 500 електронски услуги, многу поавтоматизирани работа помеѓу институциите каде што нема да се бара граѓаните да бидат курири  и да носат документи, туку тие ќе се обезбедува по автоматизам од институциите. Сега прашањето е колку бргу ќе го направиме тоа. Не треба да водиме политика околу оваа тема, таа не обиденува национално, но пак ќе кажам за да се направи тоа потребно е да водиме на друго место паметна политика, наведе Манчевски.

Тој прецизираше дека досега се поставени сите услови и елементи за дигитализација на јавниот сектор, со трите клучни столба: системот за интероперабилност, што е каналот за комуникација помеѓу институциите, националниот портал на електронски услуги, којшто е портата кон граѓаните и електронскиот реистар на население, каде што граѓаните го црпат својот електронски идентиет.

– Ова се трите главни столбови, а наш предизвик е да работиме на употребливоста односно процентот на искористеност. Кај системот за Интероперабилност има висока искористеност на капацитет и ќе треба да се прошируваат. Не сум задоволен од искористеноста на Националниот портал на електронски услуги преку кој се активни само 20 илјади граѓани, рече министерот за информатичко општество.

Тоа, како што појасни, значи дека иако луѓето можат да извадат електронски извод од матична книга на родени, М1 и М2 потврда електронска, историјат за вработеност, сега работиме у на електронско уверени за латени давачки од Управата за јавни приходи упис на дете во градинка и училиште.. но не ги користат доволно.

– Позитивниот ефект на здравствената криза е дека се зголеми барањето на вакви услуги, но ќе треба да помине време и луѓето да се навикат. Јас сум поекстремен, да укинеме нешто на хартија. Ако престане нешто да постои на хартија ќе мора да се побара услугата електронски, како што е рецептот, рече Манчевски, укажувајќи дека покрај граѓаните и институциите истовремено треба да се навикнат на меѓусебно барање и давање услуги.

Предизвик, како што вели, е и тоа што не се дигитализирани сите клучни бази на податоци. Вчера го одржале првот состанок токму за дигитализацијата на клучните регистри на институциите и за граѓаните и за бизнисите.

– Досега преку порталот нудиме услуги само кон граѓаните, а вториот предзвик е да почнеме и кон другите. Како на пример Министерството за економија има многу регистри од кои се барат податоци, посочи Манчевски.

Трет предизвик е воспоставувањето и почнувањето на 5Г технологијата затоа што, потенцираше, без тоа ќе останеме на ова ниво на дигиталзиација.

– 5Г технологијата значи поголем проток на информации и само на таков начин ќе ни бидат возможни интернет на нешта, автономни автомобили, комуникација со уреди што ги користиме во домаќинствата и слично. Ова ќе повлече и друг предизвик за државата и за институциите, односно  промена на начинот на којшто го работиме урбаното планирање, наведе Манчевски, потенцирајќи дека ќе се поставуават драстично помали базни станици и уреди.

Сите активности, како што рече, ќе се регулираат и во тој се работи согласно сите меѓународни стандарди.

На дебатата беа отворени и прашања за штетноста од зрачењата од новите технологии, потребата од дигитална писменост.