Мета: Во Северна Македонија постои клима на безбедност и демократија

Во Северна Македонија изборите ќе се одржат само по неколку дена, но постои клима на безбедност и демократија, која преовладува благодарение на зрелоста на политичкото лидерство во целина, но и нормалното функционирање на институциите, оценува албанскиот претседател Илир Мета.

Правејќи споредба со состојбата во неговата земја, тој додава дека „за жал кај нас, иако сеуште нема датум за избори, сепак, постои вештачка напнатост на хоризонтот, како да изборите ќе бидат утре“.

-Заслепеноста да се задржи или да се преземе власта по секоја цена, кај нас придонесе да изгледаме како да со нашиот источен сосед, припаѓаме на два далечни континента, додава Мета во објавата на Фејсбук.

Според него во Албанија расте пандемијата со Ковид-19 , заедно со дефицитот и јавниот долг.

Посочува дека не смее да се изгуби ниту една минута во исполнувањето на битните услови за започнување преговори, со цел Албанија, заедно со соседите, да чекори кон Европската унија.

-Справувањето со пандемијата и исполнувањето на условите треба да бидат двете главни цели за сите. Првиот го штити здравјето и животот на секој граѓанин, а вториот ја спасува европската иднина на Албанија за која сите се колнат со зборови и програми. Сега е времето за добри дела, наведува шефот на албанската држава Илир Мета во објава на Фејсбук.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *