Апасиев од Велес најави прогресивна даночна реформа, бесплатно здравство, помош на лицата со посебно потреби

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев денеска во родниотн Велес им порача на своите сограѓани да не веруваат во пропагандата дека гласот даден за „Левица“ е пропаднат глас.Тој најави дека во економската политика воведуваат прогресивна даночна реформа.

-Тоа значи дека богатите ќе плаќаат повеќе од сиромашните, со цел да се прибираат повеќе пари во буџетот, кои потоа ќе бидат редистрибуирани спрема социјални трансфери, односно кон зголемување на минимална плата, на социјалната помош и слично. Предвидуваме оданочување на капиталот, не на трудот како што е сега. Со нашата програма предвидуваме да се плаќа многу повеќе, со цел да има правилна редистрибуција на богатствот о, потенцира Апасиев.

-Програмата што ја нудиме е редикална, бидејќи сметаме дека благите реформи не се доволни. Тие радикални реформи се во економијата и правото кои се мотор – двигател на државата, потенцира Апасиев.

Појасни дека  сверата на правото предлагаат антинепотистички мерки,со цел оневозможување кланови, односно, како што вели, фамилии да ги држат сите правосудни функции во државата.

-Да не може во едно исто апелационо подрачје да бидат ќерка судија, мајка обвинител, татко виш јавен обвинител и слично.Така што во сверата на правосудството предлагаме радикални реформи, бидејќи сметаме дека се нужно потребни оти се до сега е само обична шминка и затоа нема прогрес во овие 30 години  смета Апасиев.

Тој рече дека нивна целна група се работниците, оние кои живеат не само од мануелен туку и од интелектуален труд.

Носителот на листа за ИЕ 3 Борис Крмов изјави дека една од нивните заложби ќе биде помошта за ранливите категории и лицата со посебни потреби, бидејќи оваа категорија граѓани се занемарени.

-Ние како партија „Левица“ во програмата нудиме на родителите или старателите на лица со посебни  потреби да добијат пензија со 20 – годишен стаж без разлика на возраст. Исто така, планираме во овие семејства кои имаат потреби вработување на пероснални асиситенти, а да ги покрива Министерството за труд и социјална политика, како  и да имаат предност за добивање стан. Воедно, планираме и формирање на Национален фонд за кризи, информира Крмов кој заедно со Апасиев денеска  на средби со граѓаните на Велес им ја презентираа програматаи делеа флаери..

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *