„Гласај“ – нова иницијатива на ЦИВИЛ за граѓанско учество на изборите

Здружението ЦИВИЛ ја спроведе иницијативата „Гласај / Voto“ на социјалните мрежи со цел, како што соопшти денеска, да им даде поттик на граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули.

ЦИВИЛ повикува на гласање, но и на максимално придржување кон мерките за заштита од коронавирусот на денот на гласањето.

Наведуваат дека многу познати јавни личности, граѓански активисти, актери, музичари, новинари ја препознале важноста на правото на глас и зошто е потребна излезноста на 15 јули, и ја поддржаа оваа инцијатива.

-Оваа иницијатива ја поддржаа: Перо Арсовски, актер и голем поборник за демократски и европски вредности, Дорина Ајдини, граѓанска активистка и популарна ТВ водителка, Ирена Стеријовска, режисерката и активистка, музичарот Мирко Попов, познат и како ПМГ Колектив, Анита Латифи, новинарка и активистка, Зоран Кардула, дизајнер и активист, Бубо Каров, мултимедијален уметник, Катерина Колозова, универзитетска професорка и граѓанска активистка, и други. Тие, преку видео обраќања, Фејсбук статуси, со Фејсбук рамката „Гласај / Voto“, преку илустрации и на други креативни начини, ги повикуваат граѓаните на излезност, информира ЦИВИЛ.

Преку иницијативата на ЦИВИЛ, граѓаните може да се информираат за своите права и за сите најважни аспекти на изборниот процес, преку новата веб страница „Гласај“, vote.civil.org.mk.

-Меѓу другото, на оваа веб страница може да се најдат одговори на често поставуваните прашања: „Кога се изборите? За што гласаме? Што се случува на избирачкото место? Каде гласам? Дали ми треба документ за идентификација? Кого да контактирам во случај на нерегуларности? Колку е безбедно да се гласа? Како да се заштитам за време на гласањето?“ Гласај / Voto е името на Фејсбук настанот на страницата на ЦИВИЛ, на која граѓаните можат да ја искажат својата поддршка за оваа важна граѓанска иницијатива, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *