Шекеринска во Дебар: Домашна картичка ќе добијат и пензионерите со ниски пензии

Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епидемијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави денеска во Дебар носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборнаа единица и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Таа попладнево во Дебар де се сретна со граѓани, но и со поголем број сопственици на деловни објекти, по што одржа и трибина пред седиштето на огранокот на СДСМ.

-Ве повикувам да продолжиме со успесите постигнати во изминатите години од кога СДСМ е на власт. До победа, разум и разбирање, до чист мандат со кој ќе можеме да формираме Влада и да избереме ние со кого ќе коалицираме, рече меѓу другото Шеќеринска пред граѓаните.

Во изјвата за медиумите таа нагласи дека цел на новата влада предводена од СДСМ ќе биде фокусирање во нова развојна економија, која ќе создава повеќе подобро платени работни места.

– Како што упеавме да ја покачиме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, немаме дилеми дека сега можеме уште повеќе и уште подобро и на крајот на нашиот мандат таа ќе изнесува 20.000 денари. Заедно со минималната ќе расте и просечната плата и нашата цел е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари. За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која ќе ја насочиме кон нашите компании. Тие ќе може да сметаа на 600 милиони подршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет а 300 од европските фондови, рече Шекеринска.

Таа посочи дека 2,2 милијарди евра ќе бидат насочени во јавни инвестиции.

– Наша цел е да ги заживеме сите краеви, да упееме да ги здржиме младите во сите општини, влучително и Дебар, каде што денеска се наоѓам. Мора да инвестираме во подобри плати, во подобри работни места. Новата развојна економија што ја нудиме се базира на нашите резултарти постигнати до сега, но е поамбициозна, што значи повеќе пари за граѓаните и повеќе можности за младите, рече Шекеринска.

Носителката на листата на коалицијата предводена од СДСМ во ИЕ 5 потенцираше дека со четвртиот пакет Владата предвидува кредитните картички кои сега беа на располагање на одредни категории на граѓани да опфатат уште две групи.

– Едната група се невработени лица кои не се пријавувале секој месец во Агенцијата за вработување и тие ќе имаат шанса да добијат кедитна картичка. Втората категорија ќе бидат сите пензионери со пензии под 15.000 денари.Тоа ќе значи дополнителни пари кај граѓаните но во исто време и подршка на домашните производи, најави Шеќеринска.

– Обезбедивме 550 милиони евра само во трите сета економски мерки и не дозволивме да запре и да се заклучат многу фирми. Денеска и во Дебар имав прилика да разговарам со многу сопственици на мали фирми, на дуќани и сите без исклучок сите оние кои ги исполнувале условите, без ниту еден збор, без никаков притисок, без ниту еден видлив или невидлив услов успеале да ја добијат подршката за работни места од страна на Владата. Навистина ми е задоволство што покажаме дека државата во вакви моменти може брзо и ефикано да фукцинора.Така спасивме многу работни места,подржавме многу наши добри фирми, нагласи Шекеринска.

Пред присутните се претстави и Мирнес Абазовски, кој е кандидат за пратеник на листата на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица од Дебар.

Инаку, жителите од Општина Дебар, на овие избори првпат се дел од ИЕ 5. До сега неколку избирчаки места беа во оваа, а повеќето во ИЕ 6.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *