Донација од Амбасадата на САД за намалување на ширењето на КОВИД-19

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе предаде донација од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во вредност од 35.000 американски долари, како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.

Како што информираат од ЈОРСМ, во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет,  јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции ќе добијат средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце.

Амбасадата на САД во Скопје ќе додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.

Донацијата која ќе ја предаде амбасадорката Брнз ќе ја преземат в.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани, јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *