Вујица Живковиќ: По кој пат оди УКИМ, никој не знае

По реакцијата на Државниот просветен инспекторат, дека на УКИМ забрзано се води постапка за избор на ректор спротивно на Уредбата на Владата за постапување во вонредни услови, по завчерашното соопштение на Државната антикорупциска комисија дека согласно Изборниот законик, не смее да се води постапка за избор во време на парламентарни избори, се до конституирањето на Парламентот и Владата, и по завчерашната оставка на претседателот на Универзитетската изборна комисија Пламен Тројачанец и дел од комисијата, силеџиството продолжува.

Универзитетската изборна комисија под невиден притисок направи обид повторно да се  состане и ги продолжи изборните активности. Но, и покрај заканите вчера оставка од Комисијата поднесе и проф. д-р Драган Ѓошевски од Факултетот за земјоделски науки и храна со што состанокот не се одржал односно истиот не ни започнал. Со ова, Kомисијата нема ниту легитимитет, ниту законска основа да ја продолжи постапката.

И покрај тоа, заменик претседателот на Универзитетската изборна комисија проф. д-р Годрана Лажетиќ од Правниот факултет, во содејство со раководството на УКИМ, вчера ги продолжи изборните активности. Со ова силеџиско однесување на УКИМ му се нанесува ненадоместлива штета, во работењето и на неговиот углед во државата и надвор од неа.

Непочитувањето на законите и институциите во државата од страна на УКИМ, кој во свој состав го има најеминентниот Правен факултет во државата, е срамно и лош пример, за студентите, за академската заедница и за граѓаните.

проф. д-р Вујица Живковиќ

Кандидат за ректор

One thought on “Вујица Живковиќ: По кој пат оди УКИМ, никој не знае

  1. Wow, awesome blog format! How long have you ever been blogging for?
    you make blogging glance easy. The total glance of your site is magnificent, let alone the content!
    You can see similar here e-commerce

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *