„Библискиот речник“ по азбучен ред

Во четириесеттина продолженија ќе го претставиме „Библискиот речник“ по азбучен ред, како што следи: од Ава – градот во сириското царство, до канонот Аграфа

Ава (Ива) – град, најверојатно во сирискиот дел на асирското царство. Околу 722 г.пр.И.Х. неговите жители се преселени во Самарија (4 Цар 17,24.31).

Ав – петтиот ден од еврејскиот календар, има тажна симболика, зашто во тој месец е срушен храмот; одговара на делови од месеците јули и август.

Ава– татко на арамејски. Исус го употребил еднаш овој збор во својата Гетсиманска молитва, а апостолот Павле два пати: во Рим 8,15 и Гал 4,6. Робовите и просјаците не смееле да го користат овој збор кога се обраќале на главата на семејството.

Авадон – на грчки Аполион, ангел на бездната (Откр 9,11), се претпоставува дека се однесува на Сатаната.

Авакум – прегратка – еден од малите пророци,(наречени така по дванаесетте кратки пророчки книги). Многу малку се знае за него, освен податокот дека најверојатно бил музичар во Храмот, околу 600 г. пр.И.Х.

Авакумова книга – Книга од СтариотЗавет. Биланапишанасо цел да им пружи надеж и охрабрување на Евреите, кога тие биле опкружени од непријателите.

Авана (Амана) – една од главните реки во Дамаск, ја споменува Неемија (4 Цар 5,12). Наречена е и Златна Река. Најверојатно станува збор за реката која денес се нарекува Барада.

Август – возвишен, една од титулите на римскиот цар Гај Октавијан. Владеел од 27 г.пр.И.Х. до 14 г.по И.Х. За време на неговото владеење се родил Исус; била состојба на општ мир, па затоа бил славен како спасител на светот (Лк2,1),

Авдемелех – Етиопјанин, дворјанин на дворот на царот  Седекија, го спасил пророкот Еремиј од јамата во која бил фрлен.

Авденаго – еден од тројцата другари на Даниил, во случката опишана во Дан 1, 7; 3: кога Вавилон го поразил Јудиното царство, тие биле фрлени во вжештена печка, зашто одбиле да се поклонат пред златниот кип на вавилонскиот цар Навуходоносор. Но биле спасени од Бога.

Авдиј – слуга на Јахве – еден од малите пророци, современик на Еремија и Езекиил. Од Светото Писмо не дознаваме ништо за неговиот живот и работата.

Авдиева книга – од Стариот Завет, напишана во 5 в.пр.И.Х. Содржи 21 стих. Ги напаѓа Едомците и го претскажува нивното разорување и казнување. Го предвидува и обновувањето на Израел и неговата финална победа.

Авдон – услужен 7) лично име на еден од судиите (Суд 12,33); 2) град на подрачјето на Асировото племе.

1.7.1

Стар Ерусалим

Авел – суета, минливост – 1) вториот син на Адам и Ева. Го убил неговиот брат Каин, зашто на Бог му биле помили жртвите што тој ги принесувал, од оние на брат му (1 Мој 4). Апостолот Павле тоа го припишува на Авеловата вера (Евр 11,4). Во Новиот Завет се споменува како еден од Старозаветните праведници (Евр 11; Мт 23,25; Лк 11,50-51). 2) ,поток, дел од називите на повеќе места, на пример, Авел-Кераним.

Авенир – татко на светлината – внук на Саул и главен командант на неговата војска. По смртта на Саул се спријателил со Давид, но бил погубен од командантот на Давидовата војска, Јоав, како одмазда за братот на Јоав што тој, пак, претходно го убил. Давид многу тагувал по него како за голем човек и војсководец.

Авеса (Амесај, Амес) – ,,татко на даровите”, Јоавов брат и син на Давидовата сестра Сарвија (Лт 2,16); верен Давидов војсководач; го убил Авенир заради освета и затоа Давид го проколнал (2 Цар 3,28-30).

Авесалом  – таткото е миретретиот син на Давид и негов миленик. Сковал завера против својот татко и за малку ќе го победел во битка што ја превзел против него. Додека бегал, косата му се заплеткала во гранките на дрвјата и потоа бил убиен од Јоав. Иако се кренал против него, сепак татко му Давид многу жалел и плачел по него {2 Цар 15-19).

Авив – првиот месец во еврејскиот календар, кој одговара на делови од месеците март и април. Покасно бил наречен нисан. Понекогаше синоним за пролет.

Авигеја – мојот татко е радост, или мојот татко се радува – Една од жените на Давид и бивша жена на Навал, богат земјопоседник. Му го родила на Давид синот Хилеав ( 2 Цар 25; 2 Цар 3,3).

Авија – Господ е мојот гатко -1) Јудејски цар, кој владеел во периодот од 916 г. до 914 г.пр.И.Х. (3 Цар 15,7), го победил израелскиот цар Еровоам; 2) вториот син на пророкот Самуил, кој со својот брат Јоел бил судија во Вирсавија (1 Цар 8,2); 3) жената на царот Ахаз и мајка на Езекиил (2 Лт 29,1); 4) поглавар од свештенички род на кој му припаѓал и Захарија, таткото на Јован Крстител (Лк1,5).

Авијатар – татко на возвишеноста – син на Авимелех, свештеник во времето на царот Саул и четвртиот по ред првосвешеник од домот на Илија. Бил назначен за сослужител со првосвештеникот Садок во времето на зацарувањето на Давид, (2 Цар 8,17). Но после смртта на Давид бил замешан во заверата со која се сакало Адониј даго превземе престолот од Соломон, па затоа бил протеран. Садок бил од домот на Елеазар, па затоа свештенството повторно преминало во домот на Арон (1 Цар 22,20; 2 Цар 8,17; 15,24; ЗЦар 1-2).

Авимелех – син на богот Мелех 1) Владетел на еден од палестинските градови. Авраам, бидејќи се плашел за својот живот, се правел пред него дека Сара му е сестра. Авимелех посакал да ја земе за жена, но Бог го спречил откривајќи му ја вистината (1 Мој 20,26). После тоа склопил спогодба со Авраам и Лот (1 Мој 21,22-34); 2) син на Гедеон, кој станал крал откако ги погубил сите свои браќа, оставајќи во живот еден полубрат (Суд 9). Погинал погоден од парче воденички камен што го фрлила некоја жена од една кула на опседнатиот град, каде се воделе борбите; 3) ,,братот е цар”, свештеник во Номва, кој му дал на Давид осветени лебови, додека тој бегал од Саул. Затоа Саул го убил заедно со целиот негов род, се спасил само син му Авијатар.

Авирон – таткото е возвишен, 1) учесник во бунтот на Кораховата чета (4 Мој 16,1, Пс 106,17); 2) Хиелов син (1 Лт 16,34).

Ависага – Сунамка, што го негувала царот Давид во неговата старост {3 Цар 1,3), а после неговата смрт станала жена на Адонија.

Авиуд – Тој е таткото, еден од синовите на Арон (2 Мој 6,23), кој заедно со своите три брата бил поставен за свештеник; немал деца. Бог го казнил со смрт заради обредниот престап (3 Мој 10, 1-3).

1.7.2 1.7.3

Агрипа 

Аврам – или Авраам – Татко на мноштво народи; прататко на еврејскиот народ; прв од трите патријарси. Живеел во Ур Халдејски некаде помеѓу 1900 и 1300 г.пр. И.Х. По повикот од Бога, го напуштил родното место и тргнал да бара земја погодна во неа да му служи на Бога. Патувал низ пустини, заедно со своето семејство, стадата овци и другиот добиток што го имал. Се настанил во Ханаан, каде Бог му се јавил и му ветил дека ќе стане татко на голем народ, Израел (1 Мој 17,5; Јн 8,39), и дека преку него ќе бидат благословени идните генерации. Оттогаш Бог му го променил името Аврам во Авраам. Бил непоколеблив во својата вера, тоа го докажал со подготвеноста да Му го жртвува на Бог својот единствен и во поодмината старост добиен син Исак. Но Бог го спречил. Во Новиот Завет се напоменува дека Христос е поголем од Аврам (Јн 8,52-58). А Исус самиот често ги опоменувал Евреите на нивното потекло од Аврам. Се споменува и како, татко на Израел (Ис 51,2; Мт 3,9), како оној што примил ветување од Бога (Лк 1,55.73), пример за вера (Рим 4,3; Гал 3,9), ,,Божји пријател” (2 Мој 41,8; Јак 2,23).

Аврамова прегратка – Евреите си замислувале дека во рајот ќе бидат пречекани од Аврам, Исак и Јаков, и дека ќе почиваат во Аврамовата прегратка (Лк 16,22).

Автентичност – в. Вулгата.

Агав – христијански пророк од Јудеја (Дап11,28;21,10).

Агаг – амалечки ( амалекиски) крал, чиј живот го поштедил Саул, но Самуил го исекол на парчиња (1 Цар 15). Вообичаена титула на амалекиските кралеви (1 Цар15,8).

Агапе – в. љубов

Агара – бегстао – слугинката на Сара. Таа, не можејќи да има деца, помислила дека нема да се оствари Божјото ветување дека од Аврам ќе настане голем народ, и му ја отстапила Агара на својот сопруг Аврам да му роди дете. Агара забременила и побегнала во пустината заради лошото однесување на Сара со неа. Но му се јавил ангел и ѝ рекол да се врати назад и дека синот нејзин Исмаил ќе биде родоначелник на цел народ. Исмаил имал 15 години кога се родил Исак, синот на Сара и Аврам. Повторно била протерана во пустината, каде повторно и се јавил ангел и и покажал извор со вода. Во НЗ приказната за Агара се објаснува алегориски, во смисол дека спасувањето е поврзано со гората Синај. Апостолот Павле објаснува дека како што по Божја заповед Агара требало да се оддалечи од домот на Аврам, така и Јудејците, кои сакаат да останат само под јаремот на Законот, не можат да бидат учесници во наследството на Месијата. Не е Законот тој што ги прави луѓето слободни и наследници на Божјото царство, туку Евангелието. Агарјани или Агарени се денешните Исмаилци или Арапи.

Агарјани – напредно племе на исток од Галад (1 Лт 5,10). Се спомнува во асирските и некои други записи.

Агеј – роден на празник, прв од малите пророци после вавилонското ропство. Се вратил заедно со Евреите од Вавилон во Ерусалим и ги поттикнувал да ги поддржуваат Зоровавел и Исус, синот на Јоседек, во обновувањето на храмот.

Аграфа – в. канон.

Продолжува

 9.9.9 B3

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН