Балканот и Македонија – Историја

Според наводите на Страбон, Фениќаните од Халкидики биле први колонисти на Еубеја кои на западните брегови на Италија, во Кампањи, го основале градот Ким, во 757 година пред Христа и Регион, околу 730-720 година пред Христа, како најстара колонија. Тие на соседните Латини и Етруци им ја пренеле својата култура, фениќијското писмо и митови. Неколку години подоцна, и тоа околу 600 година пред Христа, го основале градот Неапол, а потоа на Сицилија градовите Месена, Катана (730 година пред Христа) и Накс.

Новите колонисти Латините ги викале „Граиос“, според нивното потекло од областа Греја (Graias), денешен Ороп, на меѓата помеѓу Беотија и Атика, на устието на реката Асоп. Папаставроу7  истакнува дека на Запад овој етноним влијаел Хелените да го добијат името Граеци, а нивната земја Граеција, наместо Хелада.

7  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 76, Hiotelli, Athinai, 1972.

Како што е изнесено претходно, Фениќаните на северот на Егејското море имале своја колонија на островото Тас, уште при нивното прво доаѓање. Околу 800-750 година пред Христа, Фениќаните од Халкидики и Еритреја од островот Еубеја го колонизирале полуостровот помеѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон и му го дале името Халкидики. Демостен8 истакнува дека за време на владеењето на кралот Филип Македонски постоеле повеќе од 32 феникински градови, покрај Потидеј кој ја основале Коринтќаните-Бакхаидите од еолско потекло. Нешто подоцна, Фениќаните од Еуберја ги основале градовите Метон и Пидн на западниот брег на Термајскиот залив.

8 Демостен, Фил, Г., 26

Во текот на персиските освојувњања на Балканот и Европа, при одбрана на Термопилскиот премин, пролетта во 480 година пред Христа, војсководецот на Хелените, кралот на Спарта, Леонид, земал како заложници 400 Тебанци. Ним им заповедал Тебанецот Леонтиад. „Кога Тебанците, кои единствени биле задржани од спартанскиот крал за заедно со нивните 300 Спартанци да се борат и загинат, тие се одвоиле од нив, ги кренале рацете во вис и прешле кај варварите, говорејќи им ја правата вистина дека тие меѓу првите им пришле на Персијците и дека му дале земја и вода на кралот и дека се на сила довлечкани во Термопилите и дека не се виновни за загубити што кралот ги претрпел.“9

9  Херодот, Историја, VII,233, Матица Српска, Београд, 1988.

1.6.9

Фениќијска култура

Истиот автор10 истакнува дека по проаѓањето на персијската војска низ Термопилите под команда на самиот Ксеркс, упаднале во Беотија, во областа Орхомена, каде живееле Минијците. Сите Беотјани преминале на страната на Персијците, а нивите градови ги запоседнале Македонците кои таму ги испратил Александар, син на кралот Аминта, заради заштита. А ги штителе за да му покажат на Ксерокс дека Беотјаните биле со нив. Тебанците, како сојузници на Персијците, ја избегнале катастрофата. На патот до Атина, војската на Ксеркс сè спалувала, па и самата Атина. Кај островот Саламина, Персијците претрпеле страшен пораз.

10  Херодот, Историја, VII, 34, Матица Српска, Београд, 1988.

По поморската катастрофа, Ксерксовата војска тргнала на пат за Беотија за да презимат во Тесалија, а кралот побегнал за Персија. По десет месеци, во пролетта 479 година пред Христа, персиската војска под команда на војсководецот Мардониј повторно ја зазела опустошената Атина. Меѓутоа, главната битка била онаа кај Платеја. На страната на Грците имало околу 30.000 војници, додека на страната на Персијците имало 50.000 воини со помош на коњаницата од Тесалија и Беотија, а како база им послужила Теба.

По повторниот пораз, каде Мардониј загинал, Персијците во нередот побегнале во својот логор што го имале подигнато во областа Теба. Беотјаните-Минијци и тебанските Фениќани покажале големо јунаштво во тоаа војна, кога 300 најхрабри и најугледни асови тогаш паднале во борба против Атињаните. А, кога и тие биле разбиени, побегнале во Теба, но не онака како што побегнале Персијците, без борба фаќајќи магла.11 Имено, беотјанската коњаница во целиот свој состав го штитела отстапувањето на Персијците кои бегале при непосредниот допир со непријателот, бранејќи ги своите пријатели кои бегале, убивајќи 600 Грци.

11   Херодот, Историја, IX, 34, Матица Српска, Београд, 1988.

Штом Грците ги погребале своите убиени кај Платеја, тргнале со војската на Теба и од Тебанците побарале да им ги предадат персијските следбеници. Бидејќи дошло до спогодба, се откажале од непријателски дејствија со Тебанците и останатите Беотјани. Атина доживеала нагол напредок во сите области, па дошло до голем антагонизам помеѓу неа, како град на еолските потомци, и Спарта, град на вистински Хелени. Овој антагонизам се манифестирал по 50 години во една долготрајна војна која траела околу 30 годии. Таа започнала во пролетта 431 година пред Христа и во историјата е позната како Пелопонеска војна.

1.7.0

Замок во Теба

Во времето кое уследило по персијските војни, дошло до преобликување на античкото општество во Егејот. Во борба за хегемонија во егејскиот свет искрснале различни интереси, антагонизми, сојузништва и војни кои траеле 24 години. На континенталниот дел создадени се три национални хетерогени држави со променлива среќа, а тоа биле Атина, Спарта и Теба. Атинската хегемонија била заменета од спартанската, а потоа од тебанската. Хеленската Спарта својата најголема моќ ја достигнала по војните со Атина и во 382 година пред Христа била во зенинот на својата сила.

Поради тоа, таа свикала собрание, во 374 година пред Христа, каде бил промовиран „општ мир меѓу градовите“, кој бил прекршен само по неколку години и за тоа била обвинета Теба. Како последица, Спартанците, на чело на Пелопонескиот сојуз, со својата војска ги нападнале беотјанските сили. Борбата се водела кај Леуктра во Беотија, во 371 година пред Христа. Беотската војска од 7.000 војници на чело со Епаминонд ја однела победата. Епамимонд тоа го постигнал воведувајќи нова тактика на војување, тнр. „коса фаланга“ која подоцна ја прифатиле Филип и Александар Македонски.

Победата кај Леуктра близу Тесалија означува значајна страница во грчката историја. Хегемонијата на Спарта се завршила. Градовите на островот Еубеја, кои што биле заземени од Атињаните, му се придружиле на беотскиот сојуз. Епаминонд со војската отишол на Пелопонез да ги среди меѓусебните проблеми на тие градови, каде дошло до создавање на месенски и аркадски полис-држави и друго, што укажува на словољубието на Тебанците да станат хегемони на Грција.

Во настанатите околности, Атина и Спарта му се обратиле на персискиот крал за помош. Тоа исто го сторила и Теба. Дошло до свикување на собрание во Суза, во 367 година пред Христа, каде со „Кралскиот мир“ Тебанците успеале да станат хегемони на Грција. Својата моќ Тебанците ја потврдиле со вклучување во политичките проблеми во Тесалија и Македонија, каде поради средување на приликите дошло до земање заложници, меѓу кои бил и Филип II, подоцна крал на Македонија.

Тоа ги вознемирило Атињаните кои, со помош на Персијците, освоиле многу градови на северните брегови на Егејот во Македонија и Тракија, и кои се мешале во династичките проблеми на Македонија. Тоа предизвикало ново вклучување на Теба во македонските состојби. Антагонизмите во грчкито свет довеле до создавање на разни сојузи и војни помеѓу полис-државите под мотото „раздели па владеј“ (divide et impera). Во борбите кај Мантинеја во Аркадија, во 362 година пред Христа, Епаминонд го изгубил животот со што дошло до престанок на тебанската хегемонија во грчкиот свет. Се смета дека Епаминонд бил најзначаен лик во класичната епоха.

Во тие бурни времиња, Тебанците ја искористиле приликата и го разрушиле минијскиот Орхомен за да се ослободат од непријателот кој постојано се сомневал во беотијското сојузништво. Слична судбина доживеале феникијските Тебанци кога Атињаните ги наговориле на востание против Македонците кои имале воен екипаж во Кадмеја. Бидејќи преговорите не успеале, а Тебанците започнале војна, Александар Македонски, после тешки борби, ја зазел Теба, во октомври 335 година пред Христа. Тоа го искористиле тебанските непријатели –  Фокејци, Платејци и Орхоменци, кои, поради големата омраза, за освета ја разориле Теба.

Така, по речиси илјада години од славните кралеви на Миниј од Маничево на Тимок и Кадмо од Феникија, кои допринеле за развојот на културата, општествените односи, трговијата, религијата и на останати духовни и материјални постигнувања, не само на тлото на Грција туку и поширко, дошло до криза која ја разрешиле кралевите на Македонија, Филип II и неговиот син Александар Македонски-Велики.

Продолжува

3.3.3  0.0

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *