За Михајло Пупин и неговите македонски корени од Вевчани

Ние Македонците во етничка Македонија и насекаде по свeтот, заедно со нашите соседни нации и држави, треба да бидеме горди што бројни факти од досегашните историски, научни, културолошки, археолошки и иселенички наоди и вистини потврдиле, дека на голем број личности со балканско, европско и светско значење, корените  им се и од Македонија.

Сето тоа треба нас Македонците да не поврзува и зближува со балканските соседни држави и нации, а не да не разделува, како што се примерите со договорите за „добрососедство“ со Грција и Бугарија, заедно со „напатствијата“ од Албанија.

За жал, во споменатите договори, наместо поврзување на соседните народи и нации, на различните народи и по култура и по јазик, обичаи, традиции, боја, по ген  и корен, во нив има и омраза и љубов, и верба и борба, и омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот. Во исто време, на отворен или перфиден начин се негира се’. Се настојува да се збриши се’ она што Македонците го поседуваат, и сето тоа, само продолжува да трае на свој начин кај соседните држави и нивните христијански народи и политики, вперено само кон Македонија и македонскиот народ. Заборавајќи ја eдна од најголемите христијански заповеди кoja гласи: “Сакај го ближниот како што се сакаш себе си”.

Ваквата темнина, ваквите сценарија, негации и атаци познати од минатото сè уште се присутни дури и сега, кај членки на Европската Унија, кои влијаат на иднината на соживотот на Балканот. Сакајки да фрлат темна сенка  и во новите времиња, врз  животните патеки, врз трасите на иднината на Македонија, се’ со цел, добрососедските односи да се  претворат во своевидни лавиринти на апсурдот. Ваквите несватливи ставови на соседските официјални  политики, без оглед на тоа дали е лева, десна или профашистичка, и во 21. век продолжуваат да ја негираат вистината за постоењето на Македонија, македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската вистина заедно со македонското национално малцинство во нивните држави. 

Меѓутоа, реалноста  е сосема друга и никој не може да ја посипе со пепел, бидејќи Македонија, македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската вистина постоеле, постојат и ќе постојат се’ додека векот векува и светот светува. Тоа, меѓу другото, се потврдува со бројните примери во овој текст.

1mih2Њујорк во минатото

Така, меѓу бројните карактеристики и вистини за Македонија ќе ги споменеме следните: Античка Македонија била првата организирана држава на Балканот и пошироко, која имала утврдени граници; Филип II Македонски и Александар III Македонски (Велики), се родени во Пела, во Македонија и се први во историјата кои ги вовеле војничките родови: пешадија, коњица и морнарица; со македонско потекло е и најпознатата жена во историјата на човештвото – кралицата на Египет – Клеопатра; Македонците биле првите во Европа кои го прифатиле христијанството како религија и преку кои се проширило во Европа и Азија; од Македонија потекнуваат браќата свети Кирил и свети Методиј кои ги превеле црковните христијански книги на посебно славјанско писмо (старомакедонското), со корени од Македонија; во Охрид е отворен првиот словенски универзитет, од кој, покрај христијанството се формирала и ширела посебната славјанска култура; Кокино кај Куманово е една од ретките неолитски опсерватории  во светот, односно, меѓу четирите највредни мегалитски камени опсерватории на планетата што го потврди и американската НАСА; во селото Таор, Скопско е роден и најпознатиот   византиски   владетел   Јустинијан, чии правни одредби се учат и денес во сите светски универзитети; Од селото Коџаџик, Жупа, Дебарско му се корените на „таткото“ на современа Турција, Кемал Ататурк; во  Скопје  е  родена  света Мајка  Тереза,  една  од најхуманите жени во светот.

Во продолжение ќе се задржеме и на личности во иселеништвото, со посебна нагласка на оние со македонски корени во Соединетите Американски Држави (САД). Така, ќе започнеме со американскиот светски познат научник Никола Тесла од Њујорк,  кој го добил неговото презиме по името на неговиот дедо Тесла, кој бил од  Македонија, од селото Извор, Велешко. Никола Тесла е светски научик од највисок ранг, а во исто време бил и голем борец за правдољубие меѓу лугето и народите. Тој не се страмел од своето хрватско, српско и македонско потекло. Овој пат ќе цитираме една негова интересна изјава за нас Македонците, во која рекол: „Подеднакво се гордеам и со хрватското и со македонското потекло“.

Меѓутоа, треба да се одбележи дека хрватската, а особено српската наука и држава со право најдостојно го ставиле името и делото на Никола Тесла во темелите и на пиедесталот на научната мисла во Србија, со што и Хрватска и ние Македонците треба да се гордееме.

Исто така, значајни личности од македонско потекло во САД, меѓу другите се: Стојан Христов, американски писател, новинар, публицицист, политички аналитичар и сенатор на сојузната држава Вермонт, кој беше роден во селото Кономлади, Костурско, во  егејскиот дел на Македонија: Георги Пирински, роден во САД, а по потекло од Банско, во Пиринска Македонија, кој беше еден од најактивните културнонационални дејци меѓу македонската прогресивна емиграција во САД: познатиот оториноларинголог од Њујорк, д-р Живко Анѓелушев од Пирин, кој беше претседателот на Националниот комитет за изградба и екипирање на една модерна болница во главниот град на Народна Република Македонија, Скопје,

1mih3

Посебно место на личности со македонско корени во САД им припаѓа на најголемиот донатор од македонското иселеништво Атанас Близнаков од револуционерното село Д’мбени, Костурско, потоа донаторите Петар Стаматов од Смилево, Битолско, Ѓорѓија (Џорџ) Атанасоски од Марул, Прилепско, Крис Ник од Болно, Ресенско, Ѓорѓи Танев(ич) од Ресен, Антон Димитров од Гевгелија, потоа активистите на МПО големиот бизнисмен Мајкл Илич од Прилеп и Ѓорѓи Топчев од Струмица, професорите д-р Леон Сперов од Герман, Леринско, д-р Ламбро Димитроф од Д’мбени, Костурско, д-р Мајкл Зафировски од Скопје, д-р Лу Влашо од Брезница, Леринско, академик Ферид Мурад од Лакавица, Гостиварски, д-р Мајк Симов од Љубојно, Преспанско, бизнисмените Борис Ничов од Подмочани, Ресенско, Ристо Гуштеров од Радовиш, Стив (Светле) Стамевски од Одри, Тетовско, Мишко Васовски од Тетово, културолозите Џорџ (Ѓорѓи) Томов од Скопје, Мето(дија) Колоски од Кичево, Јосиф Грежловски-Гандето од Љубојно Преспанско, Душко Синадиновски од Вратница, Тетовско и многу други знајни и незнајни Американци со корени од етничка Македонија.

Меѓутоа, овој пат ќе му посветиме посебно внимание и ќе го претставиме  иселеникот од САД, Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата, а кој има македонски корени.

Имено, според пишаните документи, Михајло Идворски Пупин, беше професор по математика и физика на Универзитетот Колумбија, во Њујорк. Тој беше научник кој во текот на својата експериментална работа го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, потоа ренгенологија, а има и големи заслуги за развој на електротехниката.

За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и бил член на Американската академија на науките, потоа на Француската, Српската кралска академија, како и почесен доктор на 18 универзитети. Во 1924 година, за автобиографското дело „Од емигрант до научник“ ја добил Пулицеровата награда, а е добитник и на голем број други награди и признанија со светско значење за својата научна работа.

Иако изворите за потеклото на Михајло Пупин се скудни, но тие доволно откриваат за неговите македонски корени. Имено, тој е роден во 1858 година во Јужнобанатското место Идвор, тогаш во Австро-Унгарија, од таткото Константин и мајка Олимпијада, кои според тамошните книги биле доселеници од Вевчани, Македонија. Односно дедото на Михајло, Арсение Пупин кој живеел во Вевчени заминал во Идвор. Се смета дека и мајката на Михаило, Олимпијада, која нема српско име, потекнувала од Охридскиот крај.

Според потомците на родот Пупин, семејството се доселило во печалбарското Вевчани од Москополе, каде живееле православни македонски и влашки родови. За што се уверивме при нашата посета на Вевчани, село во областа Дримкол, во околината на градот Струга, во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина, единствената во Македонија со само едно населено место. Ова населено место кое е, ни село ни град, е сместено во западниот дел на Струшко Поле, чиј атар на источната страна на планината Јабланица, се издига на нејзиниот срт каде што се допира со државната гранична линија со Албанија.

Во Вевчани бевме информирани дека Пупинови изградиле куќа во месноста која денес се нарекува Пупинов Камен, па по заминувањето на Арсение, во неа останал да живее неговиот брат и продолжил да се развива нивниот род во Вевчани. Така, денес во Македонија има бројни семејства кои го носат презимето на Пупинови.

1mih4Куќата во Идвор во која е роден Михајло Пупин

Исто така, според пишани документи семејните корени на Пупин се во село Нича, Москополе, денешна Албанија. Семејството, со изразени македонско влашки чувства, во потрага по подобар живот се преселило во Вевчани, а од таму повеќето членови од големото сточарско семејство, меѓу кои и неговите родители Константин и Олимпијада, заминале во банатското село Идвор во Србија.

Михајло Идворски Пупин е роден на 9 октомври 1854 година, според Грегоријанскиот календар, или на 27 септември 1854 година, според Јулијанскиот календар, во селото Идвор (денес во општина Ковачица) во Банат (тогаш австриско царство, а денес во Република Србија).

Основното образование Михајло Пупин го стекнал најпрво во родното место во српско православно основно училиште, а потоа во германското основно училиште во Црепајл. Во средно училиште се запишал во 1871 година во Панчево, кога и се истакнувал како талентиран и надарен ученик. Поради неговите активности во српското младинско движење и недоразбирањата со германската полиција, во напуштил Панчево и во 1872 година заминува во Прага на понатамошно образование.

По смртта на неговата мајка Олимпијада, заради финансиски причини во мат 1874 година, на дваесет годишна возраст, донел одлука да го напушти школувањето во Прага и да замине во САД. Како емигрант во „ветената земја“ работел како физички работник скоро четири години, кога и го совладал англискиот јазик во вечерните училишта. Исто така, се запишал на колеџот Колумбија, во Њујорк. Таму го завршил факултетското образовани, за потоа да продолни на Универзитетот во Кембриџ, во Англија и во Берлин, во Германија. Потоа се вратил во САД и на Колумбија универзитетот ги започнал своите педагошки и научни чекори на успехот, кои се значајни и голем придонес за Соединетите Американски Држави и за целиот свет.

Во Америка, Пупин го додал зборот „Идворски“ (Мајкл Идворски Пупин) на своето презиме, потенцирајќи го неговото потекло. Таму станал знаменит великан во областа на физиката и електрониката, научник и пронаоѓач од светски глас, кој дал особен придонес во областа на телекомуникациитерадиотехниката и радиологијата. Станува ценет и познат научник од светски глас. Се оженил во САД со Сара Катерина Џексон, која по осум години поради болест починала. Во бракот со Сара се родила само ќерката Барбара од која нема потомство. 

По завршувањето на Првата светска војна, Михајло (Мајкл) Пупин, кој веќе бил познат и признат научник, близок пријател со претседателот на САД, Вудро Вилсон, како добар познавач на состојбите на Балканот, бил испратен на Версајската мировна конференција. Пупин се залагал сите народи на Балканот да имаат рамноправен статус, вклучувајќи и автономија за Македонија. Ваквиот став не им се допаднал на делегатите на тогашните власти на СХС (Србите, Хрватите и Словенците), кои барале негово отстранување од конференцијата, иако со негова заслуга не бил признат тајниот Лондонски договор меѓу сојузниците и Италија од 1915 година, со што во рамките на новата држава биле зачувани Далмација, Банат и други територии кои ги побарувале соседните земји.

1mih5a

Куќата на Пупинови во Вевчани 

1mih5

Камбанаријата во Охрид                                 

За нас Македонците е интересно да се одбележи дека Американецот Михајло (Мајкл) Пупин бил свесен за потеклото и покажувал посебно интересирање за Македонија. Дури во својата автобиографија тој вели дека се родил во околината на Охрид. До 1914 година Михајло Пупин стекнал и имал големо богатство од научната дејност, затоа во знак на благодарност на својата мајка Олимпијада за поддршката која му ја давала, формирал „Фонд Олимпијада Пупин“. Средствата од фондот биле користени за стипендии за децата од Стара Србија и Македонија, но и како помош за Македонија.

Интересно за нас Македонците да се одбележи е тоа што, во 1921 година, при посетата на Југославија, Михајло Пупин во Љубљана нарачал да се излие камбана тешка 2.300 килограми. Најтешката камбана на Балканот тој ја подарил на градот Охрид. На камбаната која е поставена на старата црква Св. Климент Охридски, (Перивлепта) на српски јазик пишува: „Михајло Пупин, професор на Колумбискиот универзитет во Америка. Божествени звуци разнесете ја славата на паднатите јунаци и раскажувајте му на потомството за нивните големи дела. За паднатите херои на Кајмакчалан, 1921 година“.

Исто така, Михајло Пупин формирал и фонд за помош на сиромашните граѓани на Охрид од 100.000 динари. Во знак на благодарност, од 1930 година една улица на градот Охрид го носи неговото име.

Михајло Пупин умира на 12 март 1935 година во Њујорк и погребан е во гробиштата Вудлон во Бронкс.

Денес, во Горно Маало, недалеку од центарот на убавото, карактеристично и познато по Василичарските празнувања, печалбарското Вевчани, се наоѓа куќата на претците на Пупин. Таа била изградена во 1880 година, а денес е целосно обновена. Во оваа спомен куќа, која е сместувачко – угостителски објект се наоѓа и интересна музејска поставка со која на својствен начин го отсликува животот и делото на големиот американски научник со македонски корени, Михајло Идворски Пупин.

1sla1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *