Средба на министерот Чулев со чешкиот амбасадор Томан

Борбата против илегалната миграција, организацијата на парламентарните избори и справување со пандемија од Ковид -19, се темите на кои разговараа министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и чешкиот амбасадор Мирослав Томан на денешната работна средба во МВР.

На средбата, соопштија од МВР, од страна на амбасадарот Томан било врачено писмо од чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек со кое се потврдува заложбата за продолжување на учеството на чешките полициските службеници во заедничките операции на нашата јужна граница. Професионализмот и искуството на чешките полициските службеници, се наведува во соопштението, се од исклучително значење за нашата држава.

Министерот Чулев на средбата го запознал амбасадорот Томан со активностите кои Министерството за внатрешни работи ги презема во насока на успешна реализација на изборниот процес, како и од потребата за учество на набљудувачката мисија на ОБСЕ – ОДИХР и претставниците на меѓународната заедница. Притоа, тој ја потенцирал важноста од донесување на здравствениот протокол што е важен елемент во организација на изборите.

Чулев изразил и благодарност за досегашните донации на Чешка Република за Министерството за внатрешни работи и потенцирал дека тие значително придонеле за зајакнување на капацитетите и ефикасноста на полицијата.

Заеднички било заклучено дека по завршување на изборните процес меѓусебната соработка треба да продолжи со несмален интензитет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *