Флегијците на Биотија и на Тесалија – Дел 1

Публикацијата „Балканот и Македонија“ од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е објавено за прв пат на српски јазик под наслов „Праисторија Централног Балкана “. Потоа истото дело под наслов „Праисторија на Централниот Балкан“, од Антоније Шкикљев – Дончо и Славе Николовски – Катин е преведено на македонски јазик и е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2019, 1-320 стр. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија.

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

„Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

Во ова продолжение на „Балканот и Македонија“ е забележано дека Етеокле немал потомци, па кога умрел кралската власт прешла на роднината Алм, Миниевиот брат. На Алм му се родиле женски деца, Хрисогенија и Хриса. Хриса со богот Арес го имала синот Флегиј, кој ја преземал власта кога Етеокле умрел. Бил владетел на Орхомен и основач на градот Флегија во Беотија, а пред тоа истоимен во Трика во Тесалија. Флегиј ги собрал најдобрите воини и со нив им ја крадел жетвата и стоката на соседите. Поради неразумност и дрскост, Флегијците повеле војска на Делфи, го опљачкале и запалиле Аполоновото светилиште за да му се осветат бидејќи Аполон ја убил Флегиевата ќерка Коронида.

Во одбрана на прооштвото притрчале Аргиевците на чело со Аполоновиот син Филамон, кој загинал во битката. Пред тоа, откако го подготвил нападот на Пелопонез, Флегиј со својата ќерка Коронида го преминал Коринтксиот превој со намера да ја испита силата на своите идни непријатели. Во близина на Епидаур, Коронида била силувана од Аполон и го родила синот Асклепиј, што било повод за палењето на Делфи. Флегиј во Еубеја го убиле Лик и Никтеј.

Асклепиј, син на Коронида и на богот Аполон, во митологијата е бог на лекарската вештина која ја совладал кај кентаурот Хирон, од лапитско потекло. Се говори дека учествувал во ловот на Калидонската дива свиња и во походите на Аргонаутите. Бил оженет со Епиона која му ги родила синовите Подалириј и Махаон, кои биле владетели на Трика (Трикала) во Тесалија. Кога избувнала Тројанската војна, учествувале со 30 лаѓи и биле славни воени лекари.

Асклепиј имал повеќе ќерки, од кои најпозната била Хигеја, која станала персонификација на здраво тело и здрава душа. Во текот на VI век пред Христа, Хигеја била издигната на степен на божество.

Седиштето на Асклепиевиот култ се наоѓал во Епидаур на Пелопонез, град кој најголемиот процут доживеал во IV век пред Христа, каде бил и Асклепиевиот храм. Подоцна, Хипократ, „татко на медицината“, неговите ученици или претставници на лекарската школа на Кос се сметале себеси дека се Асклепиеви потомци и следбеници.

Бидејќи Флегиј немал деца, власта ја презел Хрис, син на Посејдон и Алмовата ќерка Хрисогенија. Но, ниту тој немал деца, па затоа Алмовиот род згаснал, а власта во Орхомен прешла во рацете на Климен, син на Презбона, внука на Фрикс, Атамантова правнука. На Климен му се родиле синови: најстариот Егрин, па Стратиј, Арон, Пилеј и Азеј. Иако Ергин се спомнува кај тесалските Минијци, неговата активност ќе биде изнесена во беотскиот Орхомен.

Ергин станал крал на Орхомен по убиството на неговиот татко Климен од страна на луѓе од феникијската Теба, за време на една свеченост посветена на Посејдон. Поради тоа, тој и неговите браќа веднаш собрале силна војска и тргнале против Теба. Откако ги победиле Тебанците, склучиле договор според кој Тебанците секоја година да им даваат по стотина говеда во тек на дваесет години. Луѓето кои Ергин ги пратил да го соберат данокот ги пресретнал Херакле, син на Зевс и најголем херој, и откако на гласниците им ги отсекол носевите и ушите, потоа така осакатени му ги вратил на Ергин во Орхомен. Разјарениот Ергин повторно тргнал со војска против Теба, ама Херакле им ги украл коњите на Минијците, со што ја онеспособил нивната борбена способност.

Откако го убил Ергин, ги обврзал Минијците на Тебанците да им даваат 200 говеда годишно.5 Според друга легенда, Ергин по поразот склучил мир, ама настојувајќи да го поврати поранешното богатство и благосостојба занемарил сè друго, така што незабележително ја дочекал староста и без жена и без деца. По совет на пророштвото од Делфи се оженил со млада жена која му ги родила синовите Трофониј и Агамед.6 Кога тие одраснале, стнале многу внимателни и вредни градители на божји светилишта и дворови за луѓето.

5  Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа), II, 4

6  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 37 (прев. Пасини: Водич по Хелади), Логос, Сплит, 1989.

1.0.8

Трофиниј кај Лебадеј изградил пророштво кое било познато во целиот антички свет. Крај него протекувала рекичката Херкина, а во близина се наоѓале сите извори – извор на заборавот (Лета) и извор на сеќавањето (Мнемосина). Посетителаите на светилиштата кои доаѓале да бараат совет, морале најпрво да се напијат вода од изворот Лета за да заборават сè што дотогаш знаеле, а потоа вода од изворот Мнемосина за трајно да се сеќаваат на она што ќе го видат во светилиштето. Инаку, според Хесиод,7 Лета е една од реките во подземниот свет, од чии води се напиваат душите на мртвите за да го заборават својот земски живот.

7 Hasiodus, Fragmenta & Theogonia,  p. 277.

Агамед станал најславен архитект на своето време, изградувајќи голем број градби во средниот дел на Грција и на Пелопонез. По својата убавина особено се истакнувал Аполоновиот храм во Делфи, Посејдоновиот храм во Аркадија и Алкменината ложилница  (стр. 91, претпоследен пасус) во Теба, како и ризници надвор од Грција. „Ризницаа на Миниј“ во Орхомен била вистинско чудо. Папаставроу8 наведува дека Минијците во Орхомен имале киклопски акропол „Гоул“ или „Гла“ со царска палата, која била два пати поголема отколку онаа во Микена.

8  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 36, Hiotelli, Athinai, 1972.

Изградена е од многу богати династии на Орхомен, поради постојаните закани од Фениќаните од Теба. Катастрофата на Орхомен се случила порано отколку на другите центри поради распаѓањето на заштитните ѕидови од големите поплави на реката Кефис и создавато на Кефијското езеро. Тогаш акрополот Гла станал остров.

Продолжува

 Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *