Адеми-Абела: Потврдено пријателството меѓу Македонија и Малта

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денес остварил средба со министерот за надворешни работи и промоција на трговијата на Република Малта, Кармело Абела, на која се разговарало за забрзување на процесот на политички консултации меѓу двете земји на сите нивоа  и меѓуресорска соработка со експертски тимови, пред се од областа на економската соработка и трговијата, образованието, културата…

На средбата, како што соопштија од прес-службата на Владата на РМ, соговорниците разговарале и за прашањата од работните односи, социјалното осигурување, престојот на македонската дијаспора во Малта, личните документи и други прашања од взаемен интерес.

Министерот Адеми ја пренел благодарноста до својот соговорник за воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, во декември 2016 година, под уставното име на земјата.  Во разговорот министерот Адеми, истакнал дека Македонија иницирала предлози за склучување на билатерални договори за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи и дека треба поскоро да се определи временска рамка во насока на динамизирање и нивно потпишување.

Министерот Абела ја потврдил поддршка на Малта во евроатланскиот процес на Македонија, за што било договорено и динамизирање на средби меѓу двете земји на највисоко ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *