Во Прилеп денеска е регистриран еден случај на новозаболен од коронавирусот. Ова е прв случај по четири дена без регистрирани заболени во градот. Регистрирано е и дека 12 пациенти оздравеле.
На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани шест лица позитивни на коронавирусот.
Досега, во Прилеп се регистрирани вкупно 212 лица заразени со КОВИД-19. Од нив, во моментов се активнии 30, од кои 12 се на болничко, а 18 лица се на домашно лекување.
Инаку, во текот на утрешниот ден се очекувата резултатите од скринингот на вработените во детските градинки. На 28 и на 29 мај прилепскиот Центар за јавно здравје тестираше околу 230 вработени во градинките во прилеп, кривогаштани, Крушево и во Македонски Брод.