Лукаревска во самоизолација, позитивна на КОВИД-19

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска преку својот фејсбук профил соопшти дека е позитивна на КОВИД-19. Така покажал тестот што го направила, но засега нема никакви симптоми и веќе е во домашна самоизолација.

-После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно,направив тест за КОВИД-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена.
Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација, напиша Лукаревска на фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *