За традицијата на Кирил и Методиј во Македонија

Од книжевните извори што се однесуваат на животот и делото на свети Клнмент Охридски добиваме најконкретни показатели за продолжувањето на кирилометодиевската традиција. Анонимен автор ги составил опширните словенски житија за Климент и Наум Охридски. Било пронајдено краткото словенско житие за Наума, а подоцна и второто кратко словенско Наумово житие. За нивната слава, што се пренесувала низ вековите, зборуваат дејностите на охридските архиепископи, по потекло Грци (Елини), кои секогаш имале неадекватен однос кон словенските културни придобивки.

Во XI век архиепископот Теофилакт го составил опширното грчко (елинско) житие за Климент Охридскн, кое и денес претставува основен извор за проучување на животниот Климентов пат. Дека во XIII век Климент бил присутен и актуелен се гледа од Краткото грчко житие, што го составил охридскиот архиепископ Хоматијан.

Живата традиција на св. Кирил и Методиј, што ја пренеле св. Климент и Наум Охридски се протегнува и во XVIII век, кога во Москополската печатница се печателе грчките служби и житија посветени на св. Климент и Наум Охридски, составени од грчките архиепископи: Хоматијан, Кавасила Григориј и од охриѓанецот Козма – драчки митрополит. Овие грчки автори оставиле убави канони и тропари во нивна чест.

Оваа традиција е засведочена и преку Стематогафијата на Христифор Жефаровиќ. И во XIX век не била заборавена оваа традиција, и покрај засиленото влијание на грцизмот, особено во јужните делови од Македонија. Првиот македонски превод на опширното Климентово житие го направил македонскиот преродбеник  Партениј Зографски, употребувајќи го притоа галичкиот дијалект. Браќата Миладиновци биле живо заинтересирани за оваа традиција, особено по контактите на Димитар Миладинов со рускиот славист Виктор Григорович. Светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски се присутни во творештвото на Рајко Жинзифов, Ѓорѓи Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Григор Прличев и др.

Почит кон кирилометодиевското дело изразиле: Гоце Делчев, Горче Петров, Крсте Мисирков и Димитар Чуповски. Посебни творби им посветиле Григор Прличев и подоцна Никола Јонков Вапцаров, како и други. Денес современите македонски поети честопати се задржуваат врз нивното трајно и значајно дело. Тие се присутни и во богатото македонско народно творештво.

1.0.5 1.0.4

На заседанието на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонскиот нирод во Републиката Македонија му се признаа правата за национална слобода. На 2 август 1944 година Антифашнстичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). на своето прво заседание во манастирот „Свети Прохор Пчињски”, прогласи дека македонскиот народ влегува како национилно слободен и рамноправсн член во рамките на тогашна Федеративна Југославија, на принципите поставени на Второто заседание на АВНОЈ.

Разбирливо е што во Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија започнаа просвегно-образовни и културни текови, врз основата на кодифицираниот македонски јазик. На 3 мај 1945 година посебната комисија за јазикот и правописот на НР Македонија, донесе резолуција по прашањето на азбуката, а веќе на 7 мај истата година, беше озаконет македонскиот правоиис.

Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот црковен живот, немииовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со кирилометодиевската традиција, со создавачите иа сгарословенскиот јазик, во чија основа влегоа говорите на Македонските Словени од околината на Солуи. Врз база иа овој максдонски дијалект беше изграден литературннот старословенски јазик.

Кирмлометодиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени во Макеоднија. Вредните ученмци на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил темелмте на Охридската книжевна школа. Оттогаш  низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година.

Истата годииа свети Наум го напуштил бугарскиот црковно-просветен и книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во Охридската школа, на заседанието на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонскиот нирод во Републиката Македонија му се признаа правата за национална слобода. На 2 август 1944 година Антифашнстичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). на своето прво заседание во манастирот „Свети Прохор Пчињски”, прогласи дека македонскиот народ влегува како национилно слободен и рамноправсн член во рамките на тогашна Федеративна Југославија, на принципите поставени на Второто заседание на АВНОЈ.

Разбирливо е што во Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија започнаа просвегно-образовни и културни текови, врз основата на кодифицираниот македонски јазик. На 3 мај 1945 година посебната комисија за јазикот и правописот на НР Македонија, донесе резолуција по прашањето на азбуката, а веќе на 7 мај истата година, беше озаконет македонскиот правоиис.

Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот црковен живот, немииовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со кирилометодиевската традиција, со создавачите иа сгарословенскиот јазик, во чија основа влегоа говорите на Македонските Словени од околината на Солуи. Врз база иа овој максдонски дијалект беше изграден литературннот старословенски јазик.

Кирмлометодиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени во Макеоднија. Вредните ученмци на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил темелмте на Охридската книжевна школа. Оттогаш  низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година. Истата годииа свети Наум го напуштил бугарскиот црковно-просветен и книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во Охридската школа.

Инаку, најраната дејност на светите Кирил и Методиј во Македонија би требало да се бара во времето пред изведувањето на Моравската мисија. Во славистиката е познато дека Методиј управувал во една словенска област. Меѓу убедливите докажувања каде се наоѓала таа област, мошне показателни се и укажувањата за неговото дејствување во Македонија, при што посебно се подвлекува Струмичката област, како и Брегалничкиот регион.

Во врска со оваа дејност на младиот и снажен Методиј се споменува посебно неговиот труд „Закон суднии модем” составен на словенски јазик. Во славистиката мошне убедливи документи во прилог на ваквото тврдење изнесе С. Троицки, истакнувајќи ја македонската теорија како место каде што настанало ова дело, составено со грчки алфавит, наспроти панонската и бугарската теорија.

1.0.3

Свети Кирил и Свети Методиј со учениците

Во развојниот период на славистичката наука, особено во периодот на активноста на Копитар и Миклошич, била афирмирана панонската теорија, којашто, главно, се базирала врз основа на бројните моравизми и панонизми што се среќавале во најстарите словенски ракописи.

Со истражувањата на В. Јагиќ, и потоа на В. Облак, убедливо предимство и било дадено на македонската теорија, според која во основата на старословенскиот јазик, издигнат од браќата св. Кирил и Методиј на ниво на литературен јазик, влегол говорот на македонските Славени од околината на Солун. Во селата Сухо, Зарова и Висока биле пронајдени остатоци од назалниот изговор на носовките, како и многу други стари црти, карактеристични за споменатиот јазик. Со ваква македонска основа, старословенскиот јазик ја одиграл онаа спонтана обединувачка улога меѓу Славените кои во тој стадиум од развитокот, речиси подеднакво го разбирале тој јазик.

На овој јазик биле преведени од грчки јазик најнужните црковни дела неопходни за изведување на Моравската мисија, кога преведувачката работа на браќата солунци продолжила, исто така, интензивно. Со проширувањето на првите словенски преводи и со афирмацијата на писмениот словенски јазик доаѓало и до интензивирање на македонските дијалекти, вткаени во општата основа на литературниот јазик.

Во 885 година, со смртта на Методиј, беше означен крајот на Моравската мисија. Непријателите на словенската култура и самостојност мошне сурово и нечовечки започнале да се однесуваат кон учениците на Кирил и Методиј, грижливо и систематски подучувани со години, првин од двајцата браќа, а потоа само од Методиј, кој по смртта на Кирил во 869 година самиот го понел тешкиот товар на мисијата.

Горазд, својот наследник, Методиј го избрал за време на животот. Тој, како и сите кирилометодиеви ученици бил измачуван и протеран од Моравија и Панонија. Едни од нив, можеби највредните, Климент и Наум Охридски со група други ученици преку Белград стигнале во Бугарија , каде што кнезот Борис пријатно ги дочекал бидејќи бил заинтересиран за словенски просветители и афирматори на словенскиот јазик. Меѓутоа, многу бргу, речиси се уште неодморен од страдањата и патот, Климент заминал да учителствува во Кутмичевица, со средиштата: Девол, Главеница и Охрид. Во последниов центар Климент ќе ја формира познатата средновековна школа, т.н. Охридска книжевна школа или прв Словенски универзитет.

Во овој важен центар ќе се пренесе целата кирилометодиевска традиција, зашто Климент и Наум Охридски, целата наука што им ја пренеле браќата, ќе ја втемелат во овој центар, од каде што се издигнале нови 3 500 ученици кои во разни делови од Македонија ја продолжиле кирилометодиевската традиција, којашто се огледувала низ повеќе развојни тенденции.

Продолжува

c6

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *