Анкета на ИПИС: Нема влез во ЕУ и НАТО без промена на уставното име

Мнозинството граѓани, односно 53,5 отсто сметаат дека не е можно Македонија да влезе во ЕУ и НАТО без промена на уставното име, покажуваат резултатите од третиот и последен дел од истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), што беше направено во периодот помеѓу 16 и 21 декември минатата година.

Според резултатите од анкетата, 27,5 од испитаниците сметаат дека постои таква можност, додека 19 отсто одговориле со не знам.

Од резултатите се гледа дека 38,2 отсто од граѓаните би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, 47,1 отсто не би прифатиле промена, додека 14,7 отсто одговориле со не знам.

Четириесет и девет отсто од испитаниците сметаат дека спорот со Грција за името може да се реши набрзо, 27,9 сметаат оти брзото решение не е можно, додека 23,1 одговориле со не знам.

Мнозинство од испитаниците, односно 57,6 отсто ја поддржуваат иницијативата на Владата за подобрување на односите со Грција, што е мало намалување во однос претходното истражување на ИПИС од март 2016, кога таа поддршка изнесувала 58,8 отсто.  Резултатите покажуваат дека 23,2 отсто не ја поддржуваат владината иницијатива, додека 19,2 одговориле со не знам.

На прашањето колку е важно спорот со името да се реши веднаш 60 отсто сметаат дека е мошне важно, 17,5 донекаде важно, 9,7 донекаде неважно, 6,4 дека воопшто не е важно, а 6,4 отсто одговориле со не знам.

Повеќето анкетирани, односно 42,6 отсто сметаат дека спорот со името би можел да биде решен до крајот на 2018 година,  32,7 отсто одговориле со „не“, а 24,7 се изјасниле со „не знам“.

Резултатите покажуваат дека 25,6 отсто од анкетираните одговориле дека Македонија може да добие покана за прием во НАТО и да ги почне преговорите за членство во ЕУ оваа година, 22,7 одговориле оти не знаат кога тоа би се случило, 19,3 се определиле за 2020, 13,5 за 2019, 8,6  за периодот од 2021 до 2025, 6,9 сметаат дека тоа нема да се случи никогаш, а 3,3 по 2025.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1.113 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија, а во кое граѓаните ги изразуваа своите ставови за соседните држави, односите со Грција, спорот за името и македонските евро-атлантски интеграции.

Анкетата е направено во соработка со Универзитетот Колумбија од Њујорк, преку проект финансиран од норвешката Влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *