Владата ќе одржи седница, се очекуваат одлуки за мерките за Ковид-19

Владата попладне со почеток во 16 часот ќе одржи седница на која се очекуваат одлуки во однос на мерките и препораките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

За заклучоците од седницата владината служба ќе информира со соопштение по нејзиното завршување.

Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализира тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Според претходните препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните, односно да има ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терасата или летната бавча на објектите,

Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрираше 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца починати.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *