Писмена реакција за ставот на Георги Прванов

Почитувани,

Во врска со ставот на поранешниот Бугарски Претседател, Георги Прванов, кој за БТВ изјави дека Горна или Северна Македонија не се поволни за Бугарија бидејќи не ги исклучуваат територијалните претензии кон Пиринска Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Сервилната надворешна политика на Владата на Заев и Димитров кон соседите е погрешна! Главните актери од Букурешкиот Договор со кој Македонија е распарчена, и денес после 105 години не доживуваат како плен за делба. Ставот на Прванов кој 10 години беше Бугарски Претседател е уште еден доказ дека Договорот за добрососедство е само во корист на Бугарија. Затоа, Македонската Алијанса со сите политички средства ќе се бори Македонија еднострано да го раскине овој штетен  Договор, согласно член 13, точка 3, од истиот.

НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ! БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

Не прифаќаме придавки или одредници кои треба да го обезличат Македонскиот народ. Ние знаеме кои сме – Македонци од Македонија и нам не ни треба нов идентитет. Грција и Бугарија кои имаат проблем со териториите кои неправедно ни ги одземаа во 1913, можат самите да си ги исполнат условите кои ни ги поставуваат. За да направат разлика со границите на Република Македонија, Бугарите и Грците самите нека си стават географски одредници на Егејска и Пиринска Македонија! Причината на нивниот страв е јасен. Нивната асимилаторска политика е насочена по секоја цена да го избришат фактот дека во Грција има 1,7 милиони, а во Бугарија повеќе од 1 милион Македонци по потекло!

НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

Татковината мора да излезе од замката која веќе подолг период и се подготвува. Јасно е дека Грција и Бугарија никогаш нема да го прифатат и признаат постоењето на Македонскиот национален идентитет. Грчките радикали секојдневно измислуваат нови имиња за Македонија за кои не сакаат ниту превод на англиски јазик. Бараат Уставни измени и да прифатиме нов идентитет. Меѓународниот фактор треба да го разбудиме со шок – дипломатија! Бараме прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. До тогаш сите разговори и преговори се БЕЗПРЕДМЕТНИ!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *