Полициски час за викендот од 19 часот в сабота до 05 во вторник, предлага Комисијата за заразни болести

Полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, да трае од сабота во 19:00 часот до 05:00 во вторник, е денешниот предлог на Комисијата за заразни болести што е доставен до Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска наведе дека причината за предлогот на Комисијата се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани.

– Што е суштината и зашто тоа се предложи. Сите овие случаи коишто ги имаме изминатите неколку денови во огромен процент се должат на настани, семејни собири коишто се случуваа изминатите денови. Токму заради тоа непочитување на мерките ние имаме нови случаи. Во таа смисла само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект, нагласи Филипче.

Тој посочи дека сите други ослободувања од рестрикциите, коишто беа најавени за крајот на оваа недела, ги оставиле за почетокот на следната недела.

– Значи по викендот, тука влегува и функционирањето на угостителските објекти, евентуално скратување на полицискиот час, за сето тоа ќе одлучува Владата, прво во текот на овие денови за викендот, а понатаму за овие сите мерки од вторник па натаму, рече министерот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *