Конзулов: Радовиш е подготвен за гасификација

Доколку до крајот на годината не добиеме средства за изградба на секундарната дистрибутивна гасоводна мрежа од државата или преку некој повик од државата, за идната година ќе планираме средства од општинскиот буџет за да почнеме да ја градиме мрежата долга девет километри, вели градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Општина Радовиш има изработено проектна документација за изградба на гасоводна мрежа. Мрежата ќе биде компатибилна и за националниот гасовод доколку се пушти крак од Штип кон Радовиш, а може да функционира и по примерот на Струмица, како виртуелен гасовод со декомпресиска гасна станица.

-Изградбата ќе чини околу 600 илјади евра. Како општина сами го изработивме проектот за изградба на гасоводна мрежа. Чекаме државата да распише повици за таа намена. Ако до крајот на годинава не се објават национални повици за гасификација на општините, тогаш, ние, како локална самоуправа ќе најдеме решение од сопствени средства да ја изградиме мрежата, додаде градоначалникот Конзулов.

Во првата фаза со гасификацијата ќе бидат опфатени јавните институции кои се под надлежност на општината, потоа стопанските капацитети, а доколку има интерес ќе се опфатат и домаќинства.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *