Заев: Избори во првиот можен рок, се надевам на договор со опозицијата на лидерската средба

Неопходни се избори во првиот можен момент,  како што препорачуават здравствените власти излегуваме од здравствената криза, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за ТВ Сител.

Тој се надевам дека ќе постигнат договор со опозицијата на лидерската средба. – Не верувам дека нема. Секојпат консензуално се одлучувало за датумот за изборите.  Ако опозицијата има аргументи, ги стави на маса и се издржани, ќе ги прифатиме и никако нема да стоиме на роковите од 21 или 28 јуни, рече Заев.

Како што вели, нема  ултиматум за датумот за избори, сака заеднички договор и како што вели, да бидеме разумни и одговорни затоа што мора да научиме да живееме со кризата додека не се најде вакцина.

– Во такви околности сите треба да  бидеме разумни и да ги вратиме во функција институциите, како Парламентот и политичката Влада, порача Заев во пресрет на утрешната лидерска средба за договарање на датумот за предвремени парламентарни избори.

Го повтори ставот на партијата дека избори се неопходни во првиот можен рок по намалување на интензитетот на корона вирусот.

-Сега кога излегуваме од оваа здравствената криза треба да се оди на избори, и затоа СДСМ е на став дека  сметаме дека првиот пригоден момент треба да се оди на избори. Во јули  веќе ќе бидат отворени границите и нашата национална стратегија ќе биде меѓународна кога ќе се отворени граници, жешко е.. Ризикот од зараза е уште поголем од есен, кога ќе се отворат училиштата, сите други колективни објекти ќе функционираат. Затоа стоиме на став дека најбрзиот можен момент доколку го гарантираат здравствените власти, тие така и го препорачуваат, треба да го фатиме и да одиме на избори, истакна Заев.

Како што рече, стопанството, фирмите, сите треба да знаат дека Владата чува резервни капацитети за крајот на летото или почетокот на есента, заради тоа што очекуваат да има и следен бран од здравствената криза.

Ги отфрли обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предизборен поткуп со ребалансот на Буџетот и новите мерки за поддршка на стопанството и граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *