НА СТАРТОТ ГОЛЕМО ДЕРБИ

Утре во Тетово, во рамките на домашното првенство, се среќаваат двата првопласирани тима на табелата, Шкендија и Вардар. Од ова големо дерби, од неговиот исход, зависи и крајниот изглед на прволигашката табела, бидејќи во случај на победа, Шкендија ќе направи речиси недостижна предност од 11 бода и најверојатно битката за титулата ќе биде решена. Обратно, во случај Вардар да ги освои бодовите, предноста на тетовчани ќе се смали на пет бода и до крајот на првенството се ќе биде можно.

-Конечно пред едно вакво дерби сме на чело на табелата и ја имаме улогата на фаворит. Посебен притисок не чувствуваме, иако во случај на победа првенството најверојатно ќе биде одлучено. Имавме одлични подготовки, играме пред своја публика, имаме силен тим и ги имаме сите предуслови за победа-изјави капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани.

Сепак временските услови се такви што поради големиот снег можно е натпреварот да биде одложен. ФФМ сеуште нема донесено одлука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *