Мицкоски: Комисијата за заразни болести треба да каже дали има услови за избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски смета Комисијата за заразни болести треба да каже дали има услови за водење изборна и предизборна кампања, бидејќи најважно е здравјето на граѓаните.

Мицкоски, во вечерашното гостување во „Топ Тема” на телевизија Телма истакна дека верува во Комисијата за заразни болести, во капацитетот на техничката Влада и во институциите.

– Доколку тие ценат дека здравјето на граѓаните не е загрозено и ако сите ние имаме можност да водиме изборна и предизборна кампања без да го загрозиме здравјето на граѓаните, тогаш јас ќе ја чекам нивната оценка. Знам дека тие луѓе положиле заклетва и колку и да се блиски до некоја партија тие се грижат за здравјето на граѓаните, рече Мицкоски и додаде дека тие луѓе треба да кажат дали имаме елементарни услови да се одржи кампања и предкампања, бидејќи во спротивно ќе водиме фејсбук кампања.

Според него, зачудувачки бил фактот што на последната лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски додека сите говореле за здравјето на граѓаните, лидерот на СДСМ Зоран Заев споменувал датуми за избори.

Мицкоски вели дека за фер и демократски изборен процес потребно е и мислењето од страна на Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, посочувајќи дека потребно е прочистување на изборниот список.

Тој посочи дека доколку цената за победа е дури и еден изгубен човечки живот, тогаш тој одбива да биде идниот мандатар на владата

– Доколку цената е дури и еден изгубен човечки живот тогаш јас одбивам да бидам дел од процедурата и на тој начин да бидам идниот мандатар на владата, истакна Мицкоски.

 

One thought on “Мицкоски: Комисијата за заразни болести треба да каже дали има услови за избори

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *