хмети: Одлука за датум за избори идната недела, по информациите од надлежните институции

Останува идната недела да имаме уште една средба за да се добијат потребните информации од соодветните надлежни институции и повторно да се собереме и да одлучиме за наредниот датум за избори.

Ова го истакна претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски за договарање нов датум за парламентарните избори.

-Во воена состојба сме со невидлив непријател, во воена состојба збор имаат генералите, а во овој случај генералите се лекарите и епидемиолозите кои прават анализи и даваат препораки и за кои апелирам сите граѓани да ги почитуваат без разлика на нивната етничка припадност за да ја добиеме оваа глобална војна, рече Ахмети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *