Шеснаесет лица се наоѓаат во изолација во долнореканскиот крај

За да се спречи ширењето на КОВИД-19 во Општина од Маврово и Ростуше од вчера во изолација се наоѓаат 16 лица.

Епидемилозите деновиве интензивно вршат тестирања за да откријат евентуални новоинфицирани. Заради контакт со инфициран, четворица здравствени работници наредниве денови ќе бидат во изолација. Еден од заболените е префрлен на скопските клиники.

– По епидемиолошките анкети тие имале контакти со двете лица, а надлежните здравствени власти издадоа решенија за самоизолација за 16 лица. Тоа пред сé се членови на нивни семејства, но има и здравствени работници.

– Едно од инфицираните лица е испратено за Скопје и се чувствува добро, додека вториот, засега е без симптоми. Ние во општинскиот кризен штаб го следиме развојот на настаните и преземаме дополнителни мерки за заштита и вршиме дезинфекција, рече Медат Куртовски градоначалникот на Општина Марово и Ростуше.

Епидемиолози, работат на терен и се очекува да бидат донесени нови решенија за самоизолација, на жители од населените места каде живеат инфицираните.

Според градоначалникот Куртовски, засега нема опасност од ширење на заразата, но апелира на доследно почитување на заштитните мерки.

Првите случаи на КОВИД-19 во најмалубројната гостиварска општина се појавија кон крајот на минатата недела.

Моментално по долината на Радика има два активни случаи. Во само излоација се вкупно 18 лица од кои две имаат решение, бидејќи престојувале во државен карантин.

 

One thought on “Шеснаесет лица се наоѓаат во изолација во долнореканскиот крај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *