Положено цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кумановската гимназија

Кумановската  гимназија Гоце Делчев” денеска одбележа 117 години од смртта на револуционерот. Повеќе делегации, меѓу нив училишната, градоначалникот, претставници од Советот на општината, граѓански здруженија и политички партии положија свежо цвеќе пред бистата на великанот во училишниот двор.

-Оваа година и покрај ваквите услови одбележуваме 75 години јубилеј од постоењето на училиштето. Ќе помине и оваа состојба и нашите ученици ќе продолжат како и досега со постигнување врвни резултати,  изјави директорката на училиштето Марија Тодоровска.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски со претставници од здружението на армиски и полициски воени старешини и други граѓански здруженија положи цвеќе и пред спомен плочата на градскиот плоштад на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито во знак на почит и одбележување на 40 години од неговата смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *