Кумановската гимназија „Гоце Делчев” денеска одбележа 117 години од смртта на револуционерот. Повеќе делегации, меѓу нив училишната, градоначалникот, претставници од Советот на општината, граѓански здруженија и политички партии положија свежо цвеќе пред бистата на великанот во училишниот двор.
-Оваа година и покрај ваквите услови одбележуваме 75 години јубилеј од постоењето на училиштето. Ќе помине и оваа состојба и нашите ученици ќе продолжат како и досега со постигнување врвни резултати, изјави директорката на училиштето Марија Тодоровска.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски со претставници од здружението на армиски и полициски воени старешини и други граѓански здруженија положи цвеќе и пред спомен плочата на градскиот плоштад на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито во знак на почит и одбележување на 40 години од неговата смрт.