Почитувани,

По повод брифингот на портпаролот на Грчката Влада, Димитрис Sанакопулос, кој во пресрет на најавената нова средба меѓу Никола Димитров и Никос Коsијас, потенцираше дека нивното барање е промена на Уставот на Република Македонија со ново име за севкупна употреба, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Актуелната Влада на Република Македонија должи многу сериозни и конкретни одговори на јавноста. Или Зоран Заев, Радмила Шекеринска или Никола Димитров преќутно дале согласност за ново име со географска одредница кое вклучува Уставни измени, или пак истите живеат во некаква илузија дека Грција ќе попушти во своите уцени? Што е став на Владата? Тоа што го зборува Зоран Заев во Македонија или Артан Груби во Вашингтон на средба со Метју Нимиц?  Македонскиот народ сака да знае што се случува, бидејќи ниту една партија или коалиција нема мандат да преговара во негово име за Македонскиот национален идентитет!

Сите сигнали од Грчка страна одат во насока дека нивниот услов е Македонија и Македонскиот народ да прифати нов идентитет кој треба да се спроведе со промена на Уставното име и тоа веднаш да стапи во сила.  Инаку нема членство во НАТО Алијансата и ЕУ.

НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ! БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува најодговорните политички фактори во Татковината да донесат одлука за заштита на Македонското национално ткиво. Доста ни е од уцените на Грчките националисти. Преговорите треба веднаш да се прекинат! Се додека не добиеме гаранција дека меѓународните норми важат за сите подеднакво, нема за што понатаму да разговараме. Меѓународниот фактор треба да обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Согласно Времената Спогодба која се уште е на сила нема никакви пречки Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата.

НИКОЈ НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! РЕФЕРЕНДУМ МОРА ДА ИМА!

Во интерес на зачувување на националните интереси бараме веднаш да се формира Државната изборна комисија. Новиот нејзин нов состав и правила за функционирање мора да гарантираат независност, самостојност и доследно спроведување на законите. Повеќе не смее да се остава ни малку сомнеж дека најодговорните партии ќе се обидат да спроведат нешто без Македонскиот народ да одлучува.

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

SHARE