Делото “40 поклоненија пред гробот на Свети Кирил Философ во Рим” – едно од најзначајните изнадина на Македонска Искра

Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на книгоиздателството  „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици.

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, се формира денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

„Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

1k2

1k6Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина  години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Треба да се нагласи дека во публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, се проследени јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014). 

За ова дело Архепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан ќе напише дека пораката на светиот апостол Павле – помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо (Евр. 13, 7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун – светите Кирил и Методиј.

Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим” е запишано дека од средината на 9 век па наваму, Кирил и Методиј, двајца просветители и учители, свештенослужители и рамноапостоли, имаат водечко место во духовната историја на македонскиот и на словенските народи. Како нови апостоли и учители на сите земји во коишто огрееја на земјата како сонце со вистинска вера и убавина… го просветија и нашиот народ и нема да се посрамиме споредувајќи ги сите нивни добри дела и подвизи со оние на Божјите угодници.

1k3Свети Кирил и Методиј

Инаку,  во 2008 година, по 40- ти пат, Македонската црковно- државна делегација се поклони на гробот на свети Кирил во Рим, и на свети Методиј му даде заслужна почит во Елванген – Германија, местото каде што темнувал повозрасниот брат Исто така, претставници на МПЦ и на Министерството за култура при Владата на Р. Македонија учествуваа на Сесловенското чествување во Русија.

Секако, покрај молитвено во храмовите на МПЦ, во Татковината и меѓу иселените Македонци по светот, на св. Браќа им се оддаде почит од институциите што ги носат нивните имиња, од просветните работници, студентите и учениците и од сите коишто го почитуваат делото нд големите просветители и рамноапостоли, светите враќа Кирил и Методиј. Од оваа година во Р. Македонија нивниот ден е прогласен за државен празник.

Во 2008 година се навршуваа 40 години од македонските поклоненија пред гробот на св. Кирил и Методиј во Рим. Оваа просветителска и културна дејност на претставниците од почетоците на формирањето на словенската писменост и книжевност оставала траги низ вековите во Македонија. За оваа забележана традиција доста често е пишувано во славистиката, Притоа, се заклучува дека и во пишаните извори, а и во народната усна традиција постои континуираност.

Токму затоа, со издание „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”,  сакаме да ги проследиме во еден преглед поважните дејности во врска со кирилометодиевската традиција во периодот од 1969 до 2007 година. На овој начин ги регистрираме барем поважните појави во Македонија поврзани со епохалното дело на светите браќа и нивните ученици, укажувајќи на длабоките корени на оваа традиција кај нас, зачувана и во нашето современо живеење и чествување како долг кон беспримерните наши учители.

1k4Ватикан

Македонскиот јазик спаѓа во јужнословенските јазици, а се формирал од словенските племиња што се населиле најјужно на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во /Х век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок. Прашањето за современиот литературен македонски јазик било поставено уште во Х/Х век, а решено дури со победата на НОБ. Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација со одлуките донесени на АСНОМ 1944 година.

Во педесетгодишниот период растеше јазично-творечката дејност. Во поновиот труд на Блаже Конески со наслов „Македонскиот литературен јазик” (Реферати на македонските слависти за Х/ Меѓународен славистички конгрес во Братислава, Скопје, 19939-33)не случајно е истакнато: „Развитокот на функционалните стилови на македонскиот литературен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.

Веднаш по НОБ се обновија училиштата во Македонија. Повеќе од нив го задржаа или го добија името „Св. Кирил и Методиј” и „Св. Климент Охридски”. Овие имиња на нашите современи македонски училишта не се само симболични наслови, туку една жива врска на писмената, книжевната и културната традиција што ја вкоренија солунските браќ а и светители Кирил и Методиј во /Х век.

Важен дел од манифестациите посветени на браќата Кирил и Методиј во Македонија се организирани во чест на свети Кирил Филозоф кој почина во Рим на 14 февруари стар стил, а на 27 февруари нов стип, 869 година. Токму затоа, на Денот на браќата просветители, на 24 мај, пред неговиот гроб се извршува свечено поклонување и ред други културни, црковни и научни дејности.

Продолжува  

1k5Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *