Адеми се сретна се претставници на Форумот за демократска Македонија во Малта

 Дијаспората е важен сегмент на Република Македонија и таа е линкот кој има големо значење во промоцијата на нашата држава и култура и зближувањето со државите и народите каде живеат и работат, а тоа е случај и со Малта, вели министерот без ресор задолжен за дијапсората Едмонд Адеми.

Тој за време на неговиот престој во главниот град на Малта, синоќа одржа средба со претставници на Форумот за демократска Македонија изразувајќи задоволство што ги има секаде низ светот.

– Она што е позиција и на Владата генерално е дека дијаспората е важен сегмент на Република Македонија и луѓето кои живеат и тука во Малта и во другите држави се линк помеѓу двата народа, односно народите во Македонија и секако народите во конкретниот случај во Малта. Со Форумот за демократска Македонија имаме одлична соработка и како Влада и јас како министер и мојот кабинет. Верувам дека сите организации, здруженија во дијаспората играат значајна улога во промоција на она што значи Македонија – традиција, култура, уметност итн. Уште повеќе кога сме веќе тука во Валета, која оваа година е прогласена за Европски град на културата, тоа е одлична можност и шанса и Форумот за демократска Македонија, меѓутоа и сите Македонци кои живеат и работат овде во Малта  да го искористат како можност за промоција на Македонија во сите сфери, рече Адеми.

Тој посочува дека како министер без ресор со задолжение дијаспора, односно како Влада, го имаат предвид фактот дека иако е мала држава по територија и популација, во Малта последниве години живее и работи голема македонска заедница.

–  Она што е важно да се каже е дека Република Македонија и Малта имаат склучено дипломатски односи во декември 2016 година, значи пред неполни две години. За овој период односите се развиваат и ќе се развиваат во периодот што доаѓа во сите сфери и области – во култура, во правда, во образование итн., а дијаспората која живее и работи тука може да се искористи, да го даде својот придонес во развојот на тие меѓудржавни односи, вели Адеми.

Тој денеска и утре во Валета ќе има средби со министерот за култура на Малта, министерот за образование и вработување и министерот за надворешни работи, на кои рече ќе бидат пставени прашањата и за проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани кои работат тука со цел да се разгледаат можности за тоа како да им се олесни животот во оваа островска земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *