Министерство за здравство: Медиумите да користат исклучиво официјални информации од релевантни институции за состојбата со коронавирусот

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за состојбата со коронавирусот ги известува сите медиуми истовремено веднаш откако ќе ги добие официјалните податоци од Институтот за јавно здравје и апелира до сите медиуи да користат исклучиво официјални информации од надлежните институции.

-Со оглед на тоа што во изминативе денови, неколку медиуми први информираат за статистиката на денот ги замолуваме сите медиуми – да се држат исклучиво до официјалните информации кои излегуваат од релевантните институции наместо да користат лични контакти за информирање. Состојбата во државата е вонредна и овие моменти не би требало да се користат за ексклузивитет – затоа што податоците може да бидат неточни, но и податоци без детална информација предизвикуваат страв и паника кај семејствата кои се лекуваат од КОВИД-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и во останатите јавно-здравствени установи. Апелираме на солидарност и грижа во овие моменти. Ве замолуваме за известувањето во однос на состојбата со пациентите да се информирате исклучиво од Министерството за здравство, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Воедно, од МЗ изразуваат благодарност на соработката и поддршката која ја даваат медиумите во изминатиот период, а која очекуваат да продолжи и понатаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *