Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи при денешната посета на локалниот кризен штаб во Липково се запозна со состојбата, потребите и предизивиците со кои се соочува општината во справувањето со КОВИД 19.
-Локалните штабови се исклучително значајни за справувањето со КОВИД 19, особено во руралните средини, истакна Османи кој воедно е и главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од КОВИД 19.
Тој заедно со заменик-министерот за здравство, Арменд Арслани и директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, денеска ги посетија подрачјата во општина Липково и околината, со цел директно на терен да ги согледаат состојбите и предизвиците со кои се соочува населението од овој регион во справувањето со КОВИД 19.
-Куманово заедно со околината, по Скопје, имаат најголем број заразени, а просечно, според глава на жител, дефинитивно е на прво место. Тоа говори дека мерките за целосна изолација воопшто не се престроги, туку напротив – тие се најдоброто решение во моментов за да се ограничи ширењето на коронавирусот, и со тоа да се намали интензитетот на епидемијата, истакна Османи.
Тој додаде дека Владата е во секојдневна координација со сите населени места, но дека во ваквите подалечни локации, особено во руралните или одвоените места, најмногу се очекува од работата на локалните кризни штабови, кои се поставени на ниво на месна заедница.
-Токму овие локални штабови во кои треба да има преставник на полиција, на општината, на месната заедница, доктор или медицински работник, за локалните граѓани претставуваат првата линија на одбрана од КОВИД19 -додаде Османи.
Ваквите посети имаат за цел да се изврши увид на терен во населените места, да се добијат реални информации, да им се помогне на локалните штабови во спроведувањето и почитувањето намерките, согласно активностите на централната власт, и да им се излезе во пресрет на граѓаните. Претходно, заменик претседателот ги посети и Лабуништа и и Струга.
I thoroughly enjoyed this piece! The insights provided were not only enlightening but also thought-provoking. Im eager to hear what others think about this. Click on my nickname if youd like to continue this discussion or explore related topics together!