Помпео: Влезот на на С. Македонија во НАТО ја зајакнува Алијансата „колосално“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска уште еднаш и и честита на С. Македонија како 30. членка на НАТО.

На средба со новинарите тој изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата се зајакнува „колосално“.

-Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигне безбедност, стабилност и просперитет за својата нација, истакна Помпео.

Денешната прес-конференција на Помпео беше целосно посветена на опасноста од ширењето на коронавирусот во САД и напорите што ги прави Стејт департментот за репатријација на Американците од загрозените подрачја насекеда низ светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *