Македонецот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски со благодарност до Доналд Трамп за поддршката за Македонија

Македонецот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој живее и работи во Соединетите Американски Држави, упатува благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп, до американската Влада како и до американскиот народ за првата донција што Америка ја испраќа како помош за Македонија во борбата поритв вирусот Ковид 19.

Во благодарноста, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски вели:

“Од мое име и од името на македонскиот народ ви благодарам на донацијата што ја обезбеди американската Влада како и директната поддршка за Македонија.
Воедно, упатувам благодарност и до американскиот претседател Доналд Трамп, кој во овие исклучително тешки моменти и за САД, сепак успеа да изнајде начини и можност и да и помогне на мојата татковина – Македонија.
Со ова и уште еднаш се потврдува дека САД остануваат најзначајниот стратешки партнер на Македонија и во овие тешки мигови за Македонците.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *