Писмена реакција за ставот на Прокопис Павлопулос

Почитувани,

Во врска со ставот на Грчкиот Претседател, Прокопис Павлопулос, кој на средбата со својот Грузиски колега Гиорги Маргвелашвили, потенцираше дека за решение на Македонското прашање и отстранување на иредентизмот се неопходни измени на Уставот, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Што доби Македонија од преименувањето на аеродромот и автопатот? Ништо! Официјална Атина продолжува со уцените и уште повеќе го крева прагот на своите барања. Повторно, Павлопулос, во својот познат стил, ултимативно порачува дека без промени на Уставот, без ново име и идентитет Македонија не може да стане член на ЕУ и НАТО Алијансата.

Македонската Алијанса ја повикува актуелната Влада да соопшти што е договорено меѓу Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос? Наместо секојдневно да слуша контрадикторни ставови граѓаните имаат право да ја знаат вистината и самите да одлучат за иднината на својата Татковина!

Македонскиот народ не сака повеќе понижувања. Во минатото под уцена сменивме Устав, се откажавме од знамето со сонцето од Кутлеш, прифативме срамна привремена референца ПЈРМ, потпишавме Времена Спогодба, а за возврат од Грција добивме вето за нашиот прием на Самитот на НАТО во Букурешт.

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

Најодговорните Македонски политичари нека размислат добро за своите постапки. Членот 308 од Кривичниот Законик на Република Македонија е јасен: „Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни затвор најмалку пет години„.

Бараме прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. До тогаш сите разговори и преговори за името да бидат замрзнати. Бараме гаранција дека меѓународните норми важат за сите подеднакво! Впрочем, токму во таа насока е одлуката на Британскиот Дом на Лордови кој побара од Британската Влада да се заложи Македонија да стане членка на НАТО Алијансата без оглед на спорот кој Грција го има со нашето Уставно име.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *