Ахмети: Би прифатиле одложување на изборите заради коронавирусот

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска преку соопштение најави дека партиски приоритет е јавното здравје и справување со коронавирусот, и оти би прифатиле одложување на изборите и кампањата.

-Апсолутен приоритет на секој од нас, особено ние што сме во јавна служба, е граѓанинот и јавното здравје. Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот, посочува Ахмети.

Сега, додава, ни треба да го победиме вирусот, а не победа на изборите.

-Со изборите и кампањата ќе се занимаваме откако ќе ја победиме ова закана спрема сите нас и заедно Ве уверувам дека ќе го издвојиме победа. Ние сме потполно посветени во адресирање на ситуацијата со Ковид-19 и да им помогнеме на нашите граѓани, на лекарите и економијата. Здравјето пред се!, стои во соопштението од ДУИ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *